ВМРО-ДПМНЕ далеку од враќање во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре најверојатно нема да присуствуваат на собраниската седница.

Според информациите пренесе порталот Пресс24, за утре во 10 часот пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ закажала координација на која треба да се донесе одлука, дали пратениците ќе го продолжат бојкотот, или ќе се решат да се вратат на работа во Собранието.

Високи партиски извори за Пресс24, велат дека атмосферата во пратеничката група воопшто не навестува враќање во Собранието. Според изворот, во законодавниот дом нема демократски амбиент, и простор за рамноправна дебата и учество на опозицијата во процесите.

Пресс24 дознава, дека во средината на неделата согласно најавите на лидерот Мицковски ќе почне и процесот за избор на ново партиско раководство. Во среда или четврток партијата се очекува да го избере новиот Извршен комитет во кој како што најави претседателот во интервјуто за МТВ, се очекуваат многу нови лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.