На почетокот се верувало дека експлозијата која ја преполовила 9-катната стамбена зграда во рускиот град Ижевск, ја предизвикала неисправна гасна инсталација, но вистината е монструозна.
Сега полицијата се сомнева дека станарот Александар Копитов, кој живеел со својата мајка во срушениот дел на зградата, намерно предизвикал експлозија, во која помеѓу другите загинала и малата Даша (8) и Кирил (13).
СМИ: Виновник обрушения дома в Ижевске намеренно устроил взрыв https://t.co/qP6xeA3RJF #Ижевск #взрыв
— Росбалт (@rosbaltru) November 10, 2017
Истрагата утврдила дека епицентарот на експлозијата бил во неговиот стан. Копитов е уапсен и во саботата се појавил пред судот. Не ја одрекол својата одговорност, па против него е покрената кривична пријава за убиство на две деца и повеќе други лица.
Се верува дека Копитов ги мразел комшиите и дека неговиот мотив за овој чин била караница помеѓу нив.
А/Г/