По година и 6 месеци, конечно е завршена истрагата за паѓањето на авионот во кој беа фудбалерите на бразилскиот фудбалски тим Чапекоенсе.
Утврдени се виновниците на големата трагедија, но и причината зошто се срушил авионот во кој животот го загубија 76 лица.
Имено, причината за паѓањето на авионот е недостатокот на гориво.
Компанијта која го организирала летот од Санта Круз до Меделин, е одговорна затоа што авионот немал доволно гориво и што не го направил планираното запирање за да ги надополни неопходните количини на гориво за продолжување на патот.
Одговорност има и кај контролата на летот, бидејќи не го решиле проблемот на адекватен начин.