(Фото/printscreen)
Пред 6 дена му откриле газа во грлото стара 8 години која што пак претходно му ја заборавиле лекарите на максилофацијална хирургија во Скопје кои што го правеле операција од карцином на субмадибуларна жлезда во ноември 2010 година – тврдат од семејството на 69 годишниот Сотир Петрески пред камерата на “Инфо Компас”.
Петрески во последно време трпел страшни болки поради страното тело во неговото грло, а состојбата постојано му се влошувала, а да на 11-ти овој месец хирурзите од прилепската болница “Борка Талески” да му ја откријат газата.
Петрески иако не бил во можност да зборува пред камерата, сега се чувствува подобро, а од семејството најавуваат тужба до максилофацијална клиника во Скопје.
Извор: “Инфо Компас”