Сопственикот на фудбалскиот клуб Паок, Иван Савидис, на утакмицата против АЕК, влета во теренот со пиштол и ја прекина утакмицата.
Ставидис утакмицата ја следеше покрај аут линијата, а по одлуката на судијата да го поништи голот влета во теренот и сакаше да се пресмета со него и со службените лица. Еден од фоторепортерите забележа дека тој со него носи и пиштол.
Утакмицата ПАОК – АЕК не заврши поради влегвањето на навивачите на теренот во последните секунди од средбата.
По 90 минути титанска борба, следуваше лудница. Стадионот експлодира по голот кој го постигна Варела. На семафорот пишуваше 1-0 за ПАОК.
Судијата го поништи голот поради офсајд, а потоа следуваше хаос.