Данската полиција денеска ја евакуираше министерката за миграција на Данска, Ингер Стојберг од еден центар за депортација, поради манифестираното незадоволство на група мигранти од нејзината посета.
Незадоволни поради ваквата постапка на министерката, група мигранти се собрале околку нејзиниот службен автомобил во обид да ја спречат да го напушти центарот.
Поради ова интервенирала и полицијата, со цел да и овозможи на министерката да замине од центарот.
Данскиот весник „Локал“ објави дека при обидот на автомобилот на Стојберг да замине од центарот, една жена се фрлила врз возилото, но возачот продолжил да вози и ја прегазил. Засега нема информации за состојбата на прегазената жена.