Видео кое прикажува НЛО, снимено за време на воена вежба во пустина во Аризона, собра повеќе од 430.000 прегледи за неколку дена на Јутјуб.
На видеото кое е објавено на Јутјуб каналот “Секција 51 2” се гледа група маринци кои набљудуваат летечка чинија во далечината.
Во негова близина потоа се гледа како поминува воен хеликоптер, а после тоа летечката чинија започнува да собира песок од земјата.
Некои од луѓето кои го погледнале видеото сметаат дека тоа е вистинско, додека некои велат дека се работи за компјутерски генерирано лажно видео.
А/Г/