Пожарот кој синоќа гореше околу манастирот Трескавец, повторно е активиран и алармантно со голема брзина се шири накај манастирот. Луѓето кои се на лице место моментално се борат со огнената стихија и имаат потреба од доброволци.
Синоќа стотина доброволци заедно со пожарникарите од Теренската противпожарна единица Прилеп го гасеа силниот пожар и истиот беше ставен под контрола.
Но, попладнево истиот одново е распламтен и одново во опасност го доведува древното светилиште Трескавец.
Сите доброволци кои имаат намера да се искачат со манастирот со себе да понесат алат за гаснење, вода и по можност храна со себе.
Откако ќе пристигнат до манастирот, ќе бидат распределени каде што има потреба.
Синоќешниот пожар зад себе остави пустош….
A/Г/