Xyман извpшител: Ги иcфpлил од cтанот, но им платил oпepaциja и се’ yште им плаќа киpиja

Еден судски извршител од град во централна Полска по барање на судот од стан исфрлил стара жена и нејзиниот возрасен син. Но, се се променило кога дознал дека се задолжиле за да платат лекување, бидејќи синот е многу болен, па им изнајмил стан кој го плаќа од свои пари, се додека градот не им додели општински стан.

– Ова е единствен случај во Полска. Во нашиот центар дојде тој извршител кој неколку дена порано ги исфрлил на улица и предложи на свој трошок да изнајми стан за мајката и нејзиниот болен син. Можат во тој стан да останат се додека не добијат општински, што може да потрае неколку месеци. Извршителот молеше да не го објавуваме неговото име, но морам да признаам дека сум трогнат од неговиот гест, за полските медиуми изјавил Влоџимјеж Волски, од локалниот центар за кризни интервенции.

Кога ги исфрлувал од станот 60-годишната мајка и нејзиниот 35-годишен син, извршителот не знаел за болеста на синот, а толку се задолжиле што долговите ја надминале вредноста на станот, токму поради лекувањето.

-Секако, госпоѓата направила голема грешка затоа што не доаѓала во судот на расправи и судот не знаел каква им е семејната ситуација. Пресудил да бидат исфрлени од станот и тоа без право на социјален смештај, кажал Волски.

Задолжениот стан во фазата на извршување го купило приватно лице и извршителот морал да ја спроведе пресудата, но штом дознал, се сожалил и решил проблемот на семејството да го реши на свој трошок.

Тој дури и побарал нивниот стан да биде блиску до болницата каде се лекува болниот син.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.