Xaкеpи го нaпaднaa новинарот кој ги објави снимките за „Peкет”

Фејсбук профилот на Ларис Гаисер кој во италијански „Ла Верита“ ги објави снимките за „Рекет“, бил хакиран.

Ако ја читате оваа порака: Мојот профил беше хакиран. Ниту еден друг профил не е мој. Тоа е замка. Ве молам не контактирајте никој друг профил со името Ларис Гаисер, пишува во последната објава новинарот.

Тој стана познат за македонската јавност откако објави три видеа за случајот Рекет за кој во притвор се Боки13 и Зоки Кичеец. На видеата се слуша и гледа како Боки и Кичеец бараат и земаат пари од Орце камчев, а се слуша и гласот на Катица Јанева која му вели дека „се ќе биде добро”, како и името на Зоран Заев.

Јанева се бранеше дека го барала Орце за сведок во предпостапка, додека Заев рече дека Бојан Јовановски му го злоупотребил името и нема да дозволи еден педер, суетен новинар и неколку криминалци да му ја срушат Владата.

Следеа бура реакции, по што Заев се извини.

До сега исказ дадоа Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Рустеми.

Следната недела на ред е да сведочи Катица Јанева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.