TРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: МАКЕДОНИЈА НЕ ГУБИ НА ВОДИЦИ! ИЗБЕГНАТА ФРАНЦИЈА! НАПРЕД МОМЦИ!

31595652493_6ec7ef8572_z

Maкедонија не загуби од Исланд. Нордијците не издржаа против храброста и решителноста на нашите репрезентативци, кои од 50-тата минута целосно се вратија во мечот и со многу жар стигнаа до конечни 27:27 и обезбедија дуел со Норвешка во осминафиналето.

Две победи, два порази и еден нерешен резултат е епилогот од групната фаза на Светското првенство во Франција и трето место на табелата зад Словенија и Шпанија.

Иако во првото полувреме се чувствуваше заморот од вчерашниот исцрпувачки натпревар против Шпанија, како и на почетокот од второто полувреме, нашите момци веруваа во себе и го зададоа последниот удар.

Најзаслужен за нерешениот резултат е голманот Колев кој реализираше 13 одбрани, од кои најважна беше онаа во последниот напад на противникот, кога фати жива топка и не дозволи ново водство на Исланд.

Капитенот Лазаров расположен до самиот крај, постигна 7 голови од 12 обиди, зад него се најдоа Манасков со 5 погодоци, и Георгиевски со 6.

Македонија е во осминафинале, Македонија може и повеќе!

Напред момци!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.