Неговото име е Зденек Земан, 74-годишниот фудбалски стручњак кој во својата кариера има предводено цела низа фудбалски клубови бо Италија.
Моментално по четврти пат ја предводи екипата на Фоџа и помага тимот да се врати во втората калчо лига.
После натпреварот помеѓу Фоџа и Павиа, Земан го обиколил стадионот и ги собирал сите пластични шишиња и отпадоци кои ги исфрлиле неговите навивачи.
И на 74 години покажува што значи ред и дисциплина.
Земан бил прв човек на клупата на Парма, Месина, Лацио, Рома, Фенербахче, Наполи, Каљари, повторно Рома, Бреша, во два наврати во Лече, Авелино, Салернитана, Пескара, Лугано и Црвена Ѕвезда.