4-годишно момче од Њју Орлеанс се удавило во валкан базен додека неговиот татко се дрогирал во домот, соопштила полицијата, а пренесува “Дејли мејл”.
Телото на Тимоти Брукс во базенот го пронашол неговиот татко Закари (24).
Момчето веднаш е пренесено во болница каде лекарите констатирале смрт.
“Oва е најлош случај кој сум го видел. Ја работам оваа работа веќе 38 години и ова е ужасно”, рекол шефот на полицијата Ренди Фандал.
Брукс е уапсен во саботата со обвинение запоставување на малолетник и поради убиство од небрежност, а одредена му е кауција од 200.000 долари.
Сведоци за полицијата рекле дека Тимоти бил оставен без надзор додека неговиот татко со други луѓе бил во куќата.
После предупредувањата, полицијата извршила и претрес во куќата.
Таму пронашле големо количество дрога. Во куќата немало вода, насекаде имало ѓубре и расипана храна, стои во соопштението на полицијата.
“Базенот во кој се удавил Тимоти беше црн и прекриен со ѓубре”, рекол портпаролот на полицијата.
Од организацијата “GoFoundMe” започнале да собираат пари за погреб на малото момче. До сега биле собрани околу 1000 долари.