Oд вторник продолжува со работа јавниот градски превоз во Прилеп – нема да има бесплатен превоз за пензионери

Информација од ЈП за ПУП за почеток со работа на јавниот градски превоз во Прилеп:

Јавниот градски превоз при ЈП за ПУП Прилеп, во координација со Општина Прилеп, ги информира сите корисници на јавниот градски превоз дека од вторник, 26-ти мај, ќе почне да сообраќа по вонредната неделна линија на секој час, по следниот распоред:

Почетно тргнување од Салида и трло Варош во 06:30, 07:30, 08:30, 09:30, 13:30, 14:30, 15:30, 16:30 и 17:30 часот, кога ќе биде и последното тргнување.

За време на функционирањето на јавниот градски превоз, ќе бидат запазени сите препораки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Напоменуваме дека согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од Ковид-19, нема да важи бесплатниот превоз за ученици, како и бесплатниот превоз за возрасни лица, жени со 62 години и мажи над 64 годишна возраст.

Исто така, потенцираме дека секој патник кој сака да го користи јавниот градски превоз, е должен да носи заштитна маска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.