119,04 долари е просечната цена за потстрижување на жени во Париз, најскапиот град на светот.
73,97 долари ќе платите за истото во Цирих, a 53,46 долари во Осака во Јапонија.
Истражување на трошоците за живот кое го направи „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ), покажа дека Париз е најскап град во светот заедно со Сингапур и Хонг Конг.
Земени се в предвид 133 градови во 93 земји. ЕИУ ги споредува просечните трошоци за повеќе од 160 предмети.