ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ со почетокот на учебната сезона ќе добие ново игралиште. Оваа инвестиција ќе чини илјада и осумстотини илјади денари, средствата се обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа.
Градоначалникот Марјан Ристески денеска беше во посета на ова училиште и во изјавата за медиумите посочи:
„Продолжуваме со подобрувањето на условите за образование во основните и средните училишта во Општина Прилеп“ посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Според директорот на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно – образовната дејност во училиштето. Со ова уште еднаш се покажуваат заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во образованието како главен приоритет, посочи Никола Кузески директор на училиштето.
Игралиштето е на површина од 2.000 м2, а на него ќе може да се игра фудбал кошарка и ракомет.
Инаку моментално се гради и ракометно игралиште во ООУ “Гоце Делчев” и мултинаменско игралиште во ООУ “Климент Охридски”.