OФИЦИЈАЛНО! ЏЕЈМС ПОТПИША СО ЛЕЈКЕРСИ, ДОГОВОРОТ ВРЕДЕН 150 милиони долари

OДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА!

ЛеБрон Џејмс се согласи на 4-годишен договор вреден неверојатни 150 милиони долари со Лос Анџелес Лејкерс.

Она што беше речиси познато во текот на вчерашниот ден, сега е и официјално. Кралот Џејмс, како што го нерекуваат, ќе атакува на нов шампионски прстен со екипата на “езерџиите”.

По трет пат како слободен играч Џејмс ја промени средината, откако во 2010 година замина во Мајами, а потоа повторно како слободен играч се врати во Кливленд.

Дури и на 33-годишна возраст, Џејмс останува да биде еден од најелитните играчи во НБА, постигнувајќи 27,5 поени по меч во неговата 15 сезона. Покрај тоа изминатата сезона постигна 9,1 скокови и 8,6 асистенции во 82 настапи за Кавалирс.

Сепак, тоа не беше доволно да биде избран за МВП на сезоната, па на гласањето заврши на второто место зад Џејмс Харден од Хјустон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.