Ваква атмосфера можат да приредат само Македонците и црвено-жолтата боја.
Големата поддршка од трибините во арената во Загреб, се чини беше клучна за победата на нашата репрезентација над Словенија.
Неуморни, гласни и пожртвувани како и секогаш! Македонците приредија шоу за паметење.
Хрватите пренесоа дел од атмосферата по социјалните мрежи, а ваквата атмосфера не ги оставила рамнодушни.
“Се’ сум чул и доживеал во животот, но вакво лудило на денешната утакмица помеѓу Македонија и Словенија, не сум доживеал никогаш… каков ломмм”, напиша Иван Скрињица на Инстаграм.