Meрка како резултат на коронавирусот во Унгарија: Фирмите и поединците нема да ги враќаат кредитите до крајот на годината

Владата на Унгарија во средата донесе одлука да ги запре плаќањата на кредитите од страна на компаниите и на поединците до крајот на годината, пишува Hungary Today.

Владата на Виктор Орбан, исто така, одлучила до 30 јуни да ги продолжи краткорочните кредити одобрени на претрпијатијата, а за новите кредити ги ограничила вкупните трошоци на кредитите.

Компаниите за туризам, угостителство, забава, спорт и култура, како и таксистите, нема да да плаќаат буџетските давачки за платите на вработените до крајот на годината.

Народната банка на Унгарија побара од банките да воведат мораториум за хипотекарно кредитирање и моментално да ги запрат плаќањата на долговите на фирмите. Ако банките тоа го одбијат, централната банка ќе побара од владата оваа мерка да се спроведе со декрет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.