Сторијата за Борче Грујиќ кој живее во нечовечки услови во населбата Пржино во Скопје, многу брзо се прошири на социјалните мрежи, а хумани граѓани веќе почнаа да доставуваат помош
Борче живее сам и во многу тешки услови во старата куќа без елементарни услови, без струја, без вода.
Одгледува кокошки и една коза кои го снабдуваат со јајца и млеко. Но, и козата нема доволно млеко, затоа што нема храна за да ја нахрани.
Овој млад човек секојдневно преживува како што знае и умее, а не добива ниту социјална помош.
Борче заслужува нормален живот и човечки услови!
Вчера неговиот скромен дом го посети Отец Оливер Петровски од Хуманитарна организација “Свети Спас”.
“Денес успеавме да го посетиме нашиот брат Борче со кого се запознавме и поразговаравме. Борче е прекрасен млад човек кој немал лесен живот, но сепак не се предава. Сеуште не знаеме колкав е долгот за струја и вода затоа што сметките не се кај него, но ќе направиме сѐ што можеме за Борче да добие струја, вода и реновиран дом. Нашиот брат Blas Dim веќе уплати 12000 денари за дрва така што Борче ќе биде обезбеден и со огрев за оваа зима. Во акцијата се вклучуваат и Општина Кисела Вода и братот Filip Temelkovski со кого утре ќе го посетиме Борче и ќе видиме на кој начин може да помогнат.Сите кои сакаат да се вклучат во реновирањето можат да се пријават со коментар, но само доколку навистина можат и сакаат. Ќе нѝ требаат молери, гипсари, водоводџии, електричари… за да можеме да го доведеме домот во ред. Бог да ве благослови!”, напиша Отец Оливер на Фејсбук страната од хуманитарната организација.
Секој што е во можност да помогни нека се обрати до Хуманитарна организација “Свети Спас”