Деновиве матурантите го кренаа Прилеп на нозе. Тамбураши, оро и песна се слушаат од сите страни, а највесели беа матурантите пред интернатот “Oрде Чопела”.
Матурантите кои беа сместени во овој дом, приредија забава за паметење за сите вработени, а со нив се забавуваа и прилепчани кои живеат во овој дел од градот.
Ова е период кој е клучен во животот, период кога се избира следното скалило во животот, период кој одлучува за целата иднина на овие млади луѓе.
За матурантите од “Орде Чопела” секоја чест, а на сите матуранти им честитаме и им посакуваме да одберат најдобро при изборот на високото образование.