5-годишната Медисон Хјустон од Австралија продавала јагоди, а со заштедените пари сакала еден ден да купи ново Ферари.
Но, пред неколку дена нејзината заштеда од 600 долари била укpaдена од kpадец кој влегол во кафулето на нејзините родители.
“Ќе те повозев во ферарито ако не ми ги украдеше парите”, вели 5-годишната Меди за австралиската телевизија “7news”.
Семејниот бизнис на ова семејство бил ограбен 6 пати откако постои, но оваа случка им паднала нејтешко на родителите на малата Меди.
Додека полициjaта го бара кpaдецот, телевизијата приреди едно изненадување за разочараното девојче. Тие контактирале со овластена автомобилска куќа за Ферари и донесоа насмевка на лицето на малата Меди.
Пред кафулето се паркира ново Ферари, а претставничката на компанијата и додели на Меди 600 долари.
Навистина еден убав маркетиншки гест кој донесе радост за ова девојче. Пример кој може да се следи и кај нас и со вакви интересни гестови да се врати насмевката на детското лице.