На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга се одржува познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.
Денеска во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16:00 часот, беше отслужена празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По завршувањето на вечерната и панихидата, од 17:00 часот започна свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.
На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, а ќе настапи ансамблот „Македонија“.