Откако пред неколку дена прими почетнички гол против Шпанија, дежурните критичари тргнаа во поход против славниот Буфон, сметајќи дека на 38-годишниот голман му се ближи крајот и му е време за пензија.
Meѓутоа, легендата на Јувентус, не само што не смета дека е спремен за пензија, туку беше далеку најдобар играч на синоќешниот дуел од третото коло во групната фаза на Лигата на шампиони, меч кој Јуве го играше на гостински терен во Лион.
Домаќинот беше далеку поопасен од Старата дама која играше без исклучениот Лемина.
Лион имаше повеќе големи шанси, но три беа најголеми, сепак тоа не беше доволно за популарниот “Супермен” на голот на Јувентус.
Погледнете ги овие неверојатни одбрани:
https://twitter.com/HighlightHub/status/788473646268440576
Ancora Buffon! Incredibile! #LIOJUV https://t.co/B6Ma8vb5KS
— F.C. Indà (@indafc) October 18, 2016