Струмичанецот Кирил Мучев кој долги години работи и живее во Германија напиша: „Се е отидено…и работа и стан и куќа. Слава на Бога за се’“.
Во големите поплави кои ја зафатија Германија, многу наши Македонци останаа без своите домови и без своите работни места. Мучев за портал Струмица Денес вели дека цела Германија е на колена и се соочува со катастрофа од водена стихија со многу жртви и со штета од приближно 110 милијарди €.
Во NRW, само во погодениот регион живеат околу 22.000 Македонци, или колку еден просечен град во Македонија.
Германија е моторот на Европа. Силна и сплотена, за 1 час е мобилизирана 120.000 војска за евакуација, 85 хеликоптери и безброј болнички коли за транспорт и евакуација на болниците.