Талевски молчи како Kapaкачанов да му е бpaт, а Cyгapecки секојдневно pacтypa на Фејсбук?

Додека неговиот сограѓанин и актуелен пратеник Миле Талевски молчи, екс министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески постојано ги напаѓа бугарските политики.

“Првата блокада од соседна Бугарија потврди дека политиките на официјална Софија зависат и ги диктираат Каракачанов и нему сличните! Многу трагично и погрешно!

Особено за земја членка на ЕУ и НАТО! Таквите “сонувачи” само преку ширење заблуди и лаги за македонскиот идентитет и историја, сеуште можат да опстојуваат во бугарската политика. Ние кабает немаме!

Дипломатски мудро не реагиравме остро на последните подмолни провокации од бугарските “сонувачи”, за да ги изнесеме работите на чистина. Се виде кој го крши договорот за добрососедство!

Сега ЕУ како сојуз кој почива на вредности и принципи е на потег! Ние сме биле, сме и ќе останеме македонци кои зборуваат македонски јазик од памти век, секогаш сме на вистинската страна и нема да дозволиме да ни биде одземена националната гордост со ретуширање на историјата!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.