Koронавирусот ги откажа сите бокс случувања: Одложено Генералното Собрание и семинарот за професионални бокс судии

Информација од П.Б.М за, одложување на Е.Б.У Генералното Собрание и официјалниот семинар за професионални бокс судии.

Според програмата и календарот на Европската Боксерка Унија Е.Б.У, на 30 мај требаше да се одржи Генералното Собрание на Е.Б.У во Ла Коруња Шпанија.

Право на учество имаат сите полноправни членови на Е.Б.У како и нашата организација “Про Бокс Македонија”, а делегат е Дарко Чатлески oд Прилеп.

Според сегашната ситуација со коронавирусот Ковид-19, Генералното Собрание се одложува за 2021 година, исто така во овој период се забранети секакви професионални боксерски манифестации во Европа, се до излегување од оваа криза.

Исто така во организација на хрватскиот Сојуз на професионални боксерски спортови Х.С.П.Б.С, на 16.05.2020 на островот Крк требаше да се одржи семинар за професионални судии.

Овој семинар требаше да го води членот на У.О на Е.Б.У и В.Б.Ц, господинот Петар Штуки од Швајцарија, во соработка со судијата на Е.Б.У и В.Б.Ц, Звонко Рукавина.

“Услов беше дека може да учествуваат судии кои се членови на ПБМ и суделе на интернационални боксерски мечеви за титула. Од нашата организација беа предложени искусните судии кои имаат судено за титули и беа прифатени за семинарот :

Ѓорѓи Чатлески : WBC , WBU , UBF
Цане Горгиоски : UBF
Трајче Попов : UBF

Имавме и други планирани активностi со нашите професионални боксери, но мораме да почекаме да помине ова зло. Посакувам никој да не заболи, а заболените брзо да се опорават”, вели Дарко Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.