Парма го совлада Спал со 4:0 во рамките од 26. коло во Сериа Б и се задржа на средината на табелата.
Во тимот го немаше Горан Пандев, но на трибините имаше една јака македонска екипа која ги бодреше неговите соиграчи на теренот.
Се работи за екипата во состав Наце Митев, Ѓорѓи Николов, Аце Грозданов, Иле Николов и Иван Витанов. Се чини дека кога на трибините има македонски навивачи Парма победува.
Така беше и пред неколку викенди кога Пандев го постигна дебитантскиот погодок за Парма во натпреварот против Порденоне, а Наце и тогаш беше на трибините.
Тој е еден од нашите најголеми тифози, по потекло е од Струмица, а живее и работи во Германија. Досега има присуствувано на преку 500 натпревари во фудбал, ракомет, хокеј…. Гледал голем број европски гиганти, а со цело срце навива за Барселона и РК Вардар.
Повеќе за Наце можете да прочитате ТУКА