Kaфе во оваа метропола ќе ве чини само 40 денари: Ова се најевтиниот и најскапиот град во Европа

Тирана ретко се наоѓа на врвот на листата на желби на светските патници, но сепак новото истражување покажува дека главниот град на Албанија им дава најмногу на гостите од Обединетото кралство за нивните пари.

„Post Office Travel Money“ ги споредил типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, кое вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

„City Cost Barometеr“ покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.600 денари. За кафе во овој град треба да издвоите само 40 денари, а за две ноќевања околу 4.400 денари.

На второто место на листата на најповолни европски градови се најдоа Катовице на југот на Полска, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Во топ 10-те најповолни градови за викенд-одмор се најде и главниот град на Хрватска и тоа на 7-то место. „Post Office Travel Money“ пресметал дека за викенд во Загреб ви се потребни околу 15.200 денари.

Осло и оваа година се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи за таму ви требаат 31.400 денари. Во просек, пивото во главниот град на Норвешка изнесува 520 денари, а две ноќевања во хотел со три sвезди чини 11.000 денари.

Ова се најповолните европски градови за 2021 година според „City Cost Barometer“:

1. Тирана, Албанија (вкупен трошок 9.600 денари)

2. Катовице, Полска (вкупен трошок 12.000 денари)

3. Вилнус, Литванија (вкупен трошок 12.200 денари)

4. Лисабон, Португалија (вкупен трошок 13.300 денари)

5. Рига, Латвија (вкупен трошок 13.400 денари)

6. Варшава, Полска (вкупен трошок 13.900 денари)

7. Загреб, Хрватска (вкупен трошок 15.200 денари)

8. Будимпешта, Унгарија (вкупен трошок 15.700 денари)

9. Братислава, Словачка (вкупен трошок 15.800 денари)

10. Краков, Полска (вкупен трошок 16.200 денари)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.