Во 05 часот и 25 минути утрово во Полициска станица Прилеп било пријавено дека од ноќен клуб со возило на Итна медицинска помош, во безсознание, во општа болница Прилеп бил пренесен 40-годишниот Љ.Д. од Прилеп.
Кај Љ.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му бил извршен хируршки зафат и се наоѓа во стабилна состојба.
Извршен е разговор со управникот на ноќниот клуб и со лице присутно како гостин во клубот. Тие го забележале Љ.Д. легнат на грб во безсознание на одморалиштето од скалите помеѓу приземјето и првиот кат.
Повредениот бил во алкохолизирана состојба и слегувајќи по скалите најверојатно се лизнал и паднал, по што со главата удрил на подот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.