Многу луѓе се плажат од летање и во потполност избегнуваат авиони. Од друга страна, богаташите ја користат секоја прилика од нивните авиони да направат луксузни летачки палати.
Ова се некои од најскапите и најлуксузните опремени авиони на денешницата:
Боинг 747-8
Боингот 747-8 на катарското кралско семејство има 10 купатила, луксузни соби кои се проситраат на два спрата, неверојатна спална соба со големина на апартман, огромна трпезарија…. Внатрешноста е дизајнирана во сина и златна боја, а авионот има и медицински центар.
Qatari royal family puts its Boeing 747-8 jet up for sale at £500m https://t.co/IQ2gShfG3k pic.twitter.com/VmlmlMKNzj
— Evan Kirstel (@evankirstel) August 21, 2018
Aвионот е оригинално направен за 464 луѓе, но катарското кралско семејство сакале сепак да има повеќе простор. Сега во него може да летаат 76 патници и 18 членови на екипажот.
Кралското семејство сепак го продава авионот, а неговата цена изнесува 550 милиони евра.
Луксузниот А380
Принцот Ал Валид бин Талал, кој се наоѓа на самиот врв на најбогати луѓе во светот, е сопственик на луксузниот ербас А380. Поседува околу 550 квадратни метри простор на два спрата и може без спуштање да лета на било која дестинација во светот.
Most Expensive Private Airplane/Jet: Prince Al-Waleed bin Talal’s Airbus A380
Price: $150,000,000 pic.twitter.com/vO73RyxEYX
— RR (@raheelrana) August 8, 2015
Taкви технички карактеристики и капацитети го чинеле принцот 319 милиони долари, а дополнителниот комфор по нарачка уште 200 милиони.
Најлуксузниот А380 на светот, може да прими околу 100 луѓе, додека таков авион наменет за комерцијални летови пренесува и до 800 патници. Купатилата се направени од мермер, а постојат дури и паркинг места за неговите “ролс ројс” автомобили. Овој авион поседува и молитвена просторија само за принцот.
Tврдината на Доналд Трамп
И пред да стане претседател на САД, Доналд Трамп имал луксузен авион
Боингот 757 на Трамп вреди 63 милиони долари, поседува огромна брачна соба, пространа дневна соба, мраморно купатило, додека седиштата се позлатени.
Изработката на најлуксузниот приватен авион на светот, Боинг 747 Дримлајн, чинела околу 230 милиони долари. Опремен е со најнова техника, а според пишувањата на светските медиуми ова е “летечки хотел” за 16 патници. Спалните соби имаат свои купатила, а цената за изнајмување на оваа машина изнесува 20.000 долари за еден лет.
Боинг 777
Боингот 777 на компанијата Кристал Круз е обликуван за да одговара на нивните ненормално високи стандарди.
Dreaming?? Well, this is what #Magical dreams are made of! Keep flying on the #MagicCarpet! The renowned Crystal Cruises Experience aboard the Crystal Skye, the great luxury jet. pic.twitter.com/qnbcD2zBmG
— Magic Carpet ✈️?? (@magicarp8) March 15, 2018
Содржи 88 спални соби, уникатни седишта, големи ТВ екрани, батлерски услуги, како и кувари. Поседува ложа за дружење со бар, четири трпезариски маси за по 6 луѓе…
Taking #LuxuryTravel to a new level. The Boeing 787 "Dreamliner" converted to a private jet! #luxury #aviation pic.twitter.com/pJqg95sZJ3
— Churchill Aviation (@Biz_Jet) May 11, 2017