Студентката Јасмин (26) од Лондон, која реши да ја продаде својата невиност на оној кој ќе понуди најмногу, прими великодушна понуда од 1,2 милиони евра.
Јасмин минатата година влезе во центарот на вниманието откако реши да ја продаде својата невиност, со цел да собере пари за отпочнување на свој бизнис.
Компанијата “Cinderella Escorts” со седиште во Германија потврди дека “среќниот добитник” е холивудски глумец од Лос Анџелес, кој го надминал бизнисменот од Минхен и фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Состанокот на Јасмин со глумецот ќе се случи во еден хотел во Германија во април, пишува “Дејли мејл”.
Jaсмин, која не сака да го открие своето презиме, рекла дека била на вечера со своите тројца понудувачи и дека доживеала неверојатно искуство.
Таа за “Дејли мејл” раскажала дека родителите во ова ја поддржуваат од самиот почеток.
“Имам 26 години и доволно сум зрела сама да одлучувам што ќе направам со моето тело. Го запознав глумецот и од секогаш сум негов фан, поради што сум уште повеќе нервозна. Можеби сето тоа ќе се промени кога ќе се најдеме во хотелот”, рекла таа.
Јасмин признала дека ги почитува девојките кои не сакаат да имаат односи пред бракот, велејќи дека таа била една од нив.
“Сакав да го најдам оној вистинскиот и нему да му ја дадам мојата невиност, но веќе не сакам да чекам. Затоа го избрав начинот на кој ќе бидам среќна и задоволна со својата одлука”, изјавила девојката.
Во соопштението кое е објавено на сајтот Јасмин рекла дека никогаш не сонувала дека ќе добие толку великодушна понуда.
“Сеуште сум збунета дека токму тој понуди најмногу. Тоа е неверојатно”, додала таа.
Јасмин е уште една во низата девојки која се реши својата невиност да ја продаде на интернет.
За да ја одбрани својата одлука да ја продаде невиноста, Јасмин рекла дека верува оти сите девојки ќе го направат тоа што го направила таа, “отколку да спијат со првата личност со која подоцна ќе раскинат”.
Сопственикот на сајтот Јан Закобиелски од Дортмунд порано во повеќе наврати ја споредуваше невиноста на девојките со “многу старо вино” или “луксузен автомобил”. Тој рекол дека понудата на Јасмин била единствена за купувачите поради нејзините години и дека лично одговара за нејзината сигурност.
Јан од зделката ќе добие 20%.