Прилепчанец објави апел за опасна болест која може да има кобни последици

“ПОСЛЕ 1.5 ГОДИНИ ЛЕКАРСТВА МОРАШЕ ДА ГО УСПИЈАМ ОД ЛАЈШМАНИЈА ВО ОВАА НАША НАРЕЧЕНА ДРЖАВА МОЖЕБИ ЌЕ МУ ТЕКНИ НА НЕКОЈ ДА ИСПРСКА ОД КОМАРЦИ БИДЕЈЌИ СЕ НОСИТЕЛИ НА БЕЗБРОЈ БОЛЕСТИ А СЕ ПРЕНЕСУВААТ И НА ЛУЃЕ АЛИ ЕВЕ И ДЕНЕС ДОЗНАВ ИМАЛО АПЕЛ ОД ВЕТЕРИНАРИТЕ ДО ВЛАСТА ЗА ОВА БОЛЕСТ АМА НОРМАЛНО СИТЕ СЕ ГЛУВИ…ОВАА БОЛЕСТ ЗЕМА СЕ ПОГОЛЕМ ЗАМАВ”, напиша Јордан Чавлески од Прилеп апелирајќи за една не така наивна болест која за жал била кобна по неговиот миленик.

Лајшманија (Leishmania) е едноклеточен паразит, предизвикувач на паразитското заболување лајшманиоза.

Природна средина (т.н. резервоари) на паразитот се: луѓето, кучињата (домашни и скитници) и глодарите. Кај кучињата карактеристично е паѓањето на влакната, посебно околу очите и воспалителни промени на слузокожата на очите.

Постојат повеќе од 30 видови лајшманија, кои по влегувањето во организмот ги напаѓаат макрофагите (клетките на одбранбениот систем) и се размножуваат во нив. Ако не се лекува, лајшманиозата станува сериозно заболување кое може да има и смртни последици.

Пренесувањето на паразитот го врши заразена женка на мушичката Phlebotomus papatasi, која живее во топлиот климатски појас. Во умерениот климатски појас активни се во текот на долгите, суви и топли лета.

Овие инсекти меѓу народот се познати како невиди. Слични се на комарците, т.н. влакнести или песочни мушички, долги се околу 2-2,5 мм, и тешко се воочливи затоа што се ситни и не создаваат звук додека летаат. Активни се во летниот период, на изгрејсонце и зајдисонце, а преку ден се повлекуваат и не напаѓаат, ако не се вознемирувани. Живеат во рушевини, ѓубришта и камени меѓи. За разлика од комарците, радиусот на движење на невидите е мал (околу 100 м) и најчесто е околу леглото. Убодот им е болен.

За оваа болест во се почесто се зборува и во нашата земја, а појавата на наша почва не е ништо ново.

Годишно има по десетина случаи и лекувањето е успешно доколку навреме побараат лекарска помош. Од 72 случаи регистрирани во периодот од 2010 до 2016, само двајца починале. Најпогодени се жителите на Скопје, Прилеп, Штип и Велес – информираа од Инситутот за јавно здравје во 2016 година, кога на оваа тема се разгори голем интерес.

Оваа болест има долг период на инкубација. Она по што се разликува од останатите зарази е што човек може да биде каснат денеска а симптомите да му се појават дури наредната година. Почнува со треска и малаксаност а на удар се и внатрешните органи како и кожата.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.