За нецели три дена најновата преработка на песната “Нешто ќе те питам бабо” на музичкото дуо “Некст Тајм”, достигна огромни 433.000 гледаност, и тоа само на нивниот “јутјуб” канал.
Преработката звучи толку добро и има толку добро изработен спот, што едноставно огромна публика остави без зборови, а деновиве редовно се врти на телевизиските и радио каналите.
Социјалните мрежи се преплавени од споделувања на песната, а “Некст Тајм” ги заслужија сите пофалби.
“Бура од емоции, извонредно, вистинска гордост, вака се сака Македонија….”, се само дел од коментарите на Фејсбук.