Домаќинот Египет ја торпедираше Македонија, во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство. Крајниот резултат 38:19 (20:6 на полувремето).
Нашата репрезентација беше целосно дезориентирана, без желба да се направи нешто повеќе и да се одигра на нивото на кое сме навикнати да ги гледаме во изминатите години.
Избраниците на поранешниот тренер на РК Вардар, Парондо, си одржаа лесен тренинг против Македонија, а отпор имаа до 10-та минута од првото полувреме, кога при водство на Египет од 10-3, направивме серија од 3:0 и се доближивме на 10-6.
Наместо да продолжиме во тој ритам, Египќаните воздратија уште посилно, па ни направија серија од 10-0.
Второто полувреме започна исто како и првото, дадовме гол за 20-7, а потоа следуваше нова серија од 5-0 за Египет.
Сето понатаму беше формалност колку да помине времето, а тоа најмногу го посакуваа од нашата клупа, од каде немоќно ги следеа преостанатите 20-тина минути.
За поздрав е младиот голман Мартин Томовски кој имаше 8 интервенции.
Последниот натпревар Македонија го игра во понеделник против Чиле, со почеток од 15:30 часот.