Eдинственото парче хартија од Титаник продадено на аукција: Платена вртоглава сума (ФОТО)

Менито за првиот оброк кој е послужен на “Титаник” е продадено на аукција за 114.000 евра, а му припаѓало на офицерот Чарлс Лајтолер, еден од преживеаните офицери на бродот.

Ручекот, на кој меѓу другото имало густа пилешка чорба, бризли и младо јагнешко со сос од мента, како и лосос, печено пиле и пудинг, им бил послужен на офицерите на првиот ден од пробната пловидба на 2 април 1912 година, пренесува “Би-Би-Си”.

Лајтолер менито и го оставил на својата сопруга заминувајќи за Саутемптон на 10 април 1912 година, кога “Титаник” тргнал на своето прво и единствено патување.

Аукционерот Алан Олдриџ рекол дека ова е “eдно од најретките менија кои постојат”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.