СДСМ вечерва митингуваше во Скопје и го одржа својот централен собир во пресрет на локалните избори на 15-ти октомври. Митингот кој беше бомбастично најавуван доживеа целосен дебакл и е можеби најслабиот народен собир на било која партија во пресрет на едни избори во главниот град.
Особено разочарување се чини имаше во Прилеп, од каде за Скопје се упатија само 5 полупразни автобуси. Иако центарот беше блокиран, стотици граѓани од градските кафулиња имаа прилика да видат како останатите комбиња и автобуси останаа празни.
Очигледно СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев добија црвен картон од прилепчани кои особено се разочарани од најавената двојазичност во нивниот град.
А/Г/