Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и присуство на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 10 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 17 степени.
Денеска ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од утре до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.