Cyгapeски: Во изминатите 30 години не се изгpaдило колкy што ние за 3 години изгpaдивме

Сугарески денеска на увид во изградбата на канализациската мрежа во Арачиново.

Во целата држава во последните 30 години се нема изградено, како што се гради во делот на инфраструктурата во овие три години. И покрај здравствената криза задволен сум од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и согласно податоците кои ги добивам очекувам вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот на градежната сезона во целост да биде реализиран голем дел од овие проекти. Ова го порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

Тоа во секое време преку бројки можам да го докажам. Не со паушални прозивки, туку со практични дела. Имаме направено преку 500 километри водоводи и канализации за две и пол години, огромна реконструкција на патишта. Не постои плански регион од осумте каде не се гради и не се реконструира. Зборувам за суштински капитални проекти, а не капитални проекти од типот на споменици, изјави Сугарески по увидот во изградбата на канализациската мрежа во Арачиново.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.