Синот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп објави видео на својот Твитер профил среде немири околу пребројувањето на гласовите на претседателските избори во САД
Како што беше напишано во твитот, видеото е снимено во сојузната држава Џорџија.
На видеото се гледа како човек брои гласови, па среде броење згужва парче хартија и го фрли.
Иако од видеото не може да се види дали се гужва и фрла гласачко ливче или некое обично парче хартија од масата, видеото што Ерик Трамп го сподели на Твитер предизвика бура од реакции.
Видеото се појави среде меѓусебни обвинувања и „војната“ предводена од претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден на Твитер.
What is going on here? #Election2020 #ATL pic.twitter.com/NJi3xmInPT
— Essential Fleccas ?? (@fleccas) November 5, 2020