Co xeбла се обидел да ja иcкpши таблата за стpyjaта од модyлapната болница во Прилеп – внатpe биле xocпитализиpaни 17 пациенти!

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница.

Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.