Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, согласно Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, предвидено е да се црпат исклучиво од новата надополнета листа со 571 име на, како што велат од Град Скопје, истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.
Меѓу новата листа на имиња на улици се наоѓа и местото каде беше потпишан Преспанскиот договор, Нивици, како и следните имиња:
Призрени Имер (1820-1887), делегат на Призренската Лига
Шкупи Јашар Беј, (1860-1919), претседател на скопската филијала
на Призренската лига и управител на Скопје во 1880/1981 година.
Шуку Халим, делегат во втората Призренска лига. Градоначалник на
Урошевац.
Ага Маткалиу Ибрахим, член на Скопскиот огранок на Призренската Лига
Призрени Имер (1820-1887), делегат на Призренската Лига