Бoречки спектакл во Прилеп: “Крал Марко Опен” ќе понуди големи возбудувања

13457799_1325920327422728_57620726_n

Во недела 19-06-2016 во Прилеп ќе се одржи натпревар во Микс боречки вештини-ММА “Крал Марко Опен”. На натпреварот ќе учествуваат 10 клубови од Македонија и 2 клубови од Р.Србија од Белград и Краљево, со што овој пат натпреварот добива интернационален карактер. На програмата се 12 ММА борби, поделени во два дела, воведни борби и главни борби. Во првиот дел ќе настапат натпреварувачи помлади од 18 години и натпреварувачи без искуство, додека во главниот дел се борбите со поисксуни натпреварувачи. Учевствуваат клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар, Скопје, Куманово, Штип. Натпреварот има за цел собирање на искуство кај борците, тренерите и судиите, дружење меѓу спортистите и промоција на ММА спортот во Прилеп и Македонија. На почеток на натпреварот ќе има 3 грапплинг борби и 2-3 ревијални борби на млади членови, кои за прв пат ќе имаат можност да го почувствуваат адреналинот во салата. Ревијалните борби немаат натпреварувачки карактер.

13479778_1325920334089394_1962101904_n

13454104_1325920344089393_431403658_n

13473810_1325920337422727_962617382_n

13479466_1325920330756061_1994237823_n

“Од нашиот центар ќе учествуваат 3 учесници во Граплинг борбите и 4 натпреварувачи во ММА. Имаме добра организација за натпреварот, исполнети се сите услови за одржување на еден ваков аматерски натпревар. Очекуваме добри и интересни борби, добро дружење помеѓу клубовите и спортистите”, истакнуваат организаторите од клубот Максам Фајт – Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.