дома блог страница 84

Томче од Битола остана парализиран после тешка сообраќајка! Ајде сите заедно да го вратиме на нозе!

Томислав Ивановски има потреба од наша помош.

36-годишниот Битолчанец остана парализиран на долните екстремитети по тешка сообраќајна несреќа, која му се случи пред три години додека се упатувал на работното место.

Во изминатите три години, тој имал две рехабилитации во Охрид, 14 месеци бил на рехабилитација со помош на роботика во Ниш и му бил направен еден третман со матични клетки во Турција, кој покажал подобрување.

Томислав сега треба да оди на нов третман со матични клетки во Турција, а за да го направи тоа му се потребни финансиски средства кои неговото семејство не може да ги обезбеди без наша помош.

Неговата сопруга Билјана копнее да го погледне Томче исправен на нозе како чекори со нивните ќеркички, па токму затоа упатува апел за помош до сите хумани луѓе.

„Ова е трета година како поминуваме како семејство низ овој кошмар, но и покрај тоа што нашите финансиски можност сосема се исцрпија, надежта дека Томче ќе прооди тлее и гори во секој еден од нас. Затоа се отвораме кон сите вас добри луѓе, да ни подадете рака и да му помогнеме на Томче да стане.“

„Како сопруга на Томислав немам поголема желба од тоа Томче да се исправи на нозе и да прошетаме заедно со нашите две девојчиња, како што правевме пред сообраќајната несреќа која ни го преврте животот наопаку и ни ја одзеде оваа радост“ – изјави таа за Femina.mk.

Броеви за донации:

А1: 143 466

Телеком: 143 106

Трансакциска сметка:

500600021482490

Томислав Ивановски

Стопанска Банка АД Битола

За донации од странство

IBAN: MK07500080014179095

SWIFT: STBBMK22

19-годишен крушевчанец со автомобил излетал од пат – со тешки повреди се здобиле неговите сопатници

-На 04.07.2024 во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(19) од Крушево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар – информираат од МВР.

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието, Никола Ѓошевски за заменик

Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Во рамки на седницата беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски, кои на 1 јули поднеле оставки на своите функции.

Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник.

Прилепската коњаница тргна еден месец порано од Марино Маало (ФОТО)

Несовесни граѓани и понатаму ги оставаат нивните домашни животни (коњи, магариња, кобили…) да пасат и шетаат слободно низ градот, што дава една неубава слика, а се загрозува и безбедноста на пешаците и сообраќајот.

Фотографиите во прилогот се од населбата “Марино Маало”, каде возачите и соствениците на угостителски објекти утрово биле револтирани.

Проблемот не е од сега, а постапката за пријавување на домашни животни по улиците е следна:

Граѓаните најпрво треба да се обратат во Инспекторатот при Локалната самоуправа, а по издадденото Решение од нивна страна, ЈКП Комуналец Прилеп треба да ги залови животните.

Се интензивираат работите за изградбата на новата спортска сала во ООУ “Блаже Конески” Прилеп (ФОТО)

Денес направивме увид во градежните активности околу изградбата на новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Ова повеќенаменско спортско игралиште, во дворот на училиштето, претставува значајна инвестиција во нашето образование и во физичкото здравје на нашите ученици.

Со инвестиција од околу 23 милиони денари, од Буџетот на Општина Прилеп, овој проект значително ќе ги задоволи потребите на училиштето, кое до сега не располагаше со затворена спортска сала.

Локалната самоуправа на општина Прилеп продолжува со посветена грижа за нашите ученици, инвестирајќи во нивното образование. Овој нов објект ќе овозможи правилно функционирање на физичкото и здравственото образование, што досега беше предизвик за оваа училишна заедница. Со овој проект, дефинитивно ќе ги подобриме условите за развојот на нашите ученици, осигурувајќи нивен правилен раст и здрав развој – напиша Јовчески.

Изложбата “Интервали” на уметницата Татјана Винона Јонеска, од вечерва пред прилепчани

„Интервали“ е изложбата од Татјана Винона Јонеска, што ќе биде отворена на 5 јули 2024 г.(петок), од 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

Ова и е втора самостојна изложба на Јонеска во родниот Прилеп, а ги истражува лиминалните простори меѓу моментите.
– Преку динамичен спој на дела од хартија, слики, иснталација и видео, оваа мултидисциплинарна изложба се стреми да понуди подлабоко размислување за интервалите како спојници на просторот и времето. Со поетски став Интервали отвора прашања за разоткривањето на скриените врски, ритми, транзиторни моменти и простори што ја обликуваат нашата перцепција – вели уметницата.

Татјана Винона Јонеска е уметник кој живее и работи во Лондон. Магистрирала на престижниот Кралски колеџ за уметност / Royal College of Art London, во одделот современа уметничка пракса – критичка практика. Пред тоа студирала на подеднакво престижниот колеџ за уметности во Chelsea College of Arts – Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја завршила својата диплома по ликовна уметност со почести од 1-вa класa.
Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепција, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста. Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво.

По заслужениот одмор, прв собир и засилувања во Победа: Никола Трајкоски е нов технички директор на клубот

По обезбедениот опстанок во Втората лига и заслужениот одмор, фудбалерите на Победа во средата го имаа и првиот собир пред подготовките за новата сезона.

25 играчи се појавија на првата прозивка на тренерот Јане Николоски, меѓу кои и првиот новајлија. Станува збор за 20-годишниот Мартин Андоновски од Битола, играч за врска, кој минатата сезона ги носеше боите на гевгелиски Кожуф.

Пред донесување на нови засилувања, новости има и во управата, каде нов технички директор на клубот е Никола Трајкоски, долгогодишен член на навивачката група “Мајмуни” и верен поддржувач на спортот во Прилеп.

Трајкоски е и претседател на клубот за мал фудбал “Победа”, кој под негово водство покажа одлични резултати во првата сезона од Втората футсал лига.

Во врска со сите новости во клубот, челните луѓе деновиве ќе викнат и прес конференција за медиумите.

Џабе препишувањето: Просечна оценка 3,25 на државната матура, до година со уште позаострени мерки против препишување

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Споредбено со минатите години, постои намалување (3,65 во 2023 година, 3,78 во 2022 година и 3,61 во 2021 година) кое, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени.

Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, додека на 8 јуни се полагаше изборниот предмет, а тестирањето се спроведе во холовите и спортските сали на училиштата, заради поголема прегледност и контрола на набљудувачите над учениците.

Резултатот е, информираше директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска – откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. На 268 ученици на кои им е изречена мерката поништување на испитот ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

Како што рече Михајловска, најголем број на прекршување на правилата за полагање на Државната матура се констатирани во СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје вкупно 32, потоа во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје каде се изречени 18 мерки, во СОУ „8 Септември“ – Тетово има 14 изречени мерки, по 13 мерки за прекршување на правилата на тестирањето се изречени во СОУ „Методија Митевски – Брицо“ – Скопје и ЦСНО „28 Ноевмри“ – Дебар. Во СУГС „Цветан Димов“ – Скопје се изречени 12 мерки за остранување од процесот на полагање на Државната матура.

Честитајќи им на учениците кои успешно ја завршија матурата и го потврдија стекнатото знаење во средното образование, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, истакна дека согласно законските прописи во земјава, па и во многу други држави, дипломата е предуслов за упис на факултет.

За следната година вети две новини кои ќе помогнат за подобра организација на полагањето на државната матура и како што рече, ќе се обидеме да немаме препишувања и други противзаконски, неетички и неморални дејства и на учениците и на тестаторите и набљудувачи.

„Ќе инсистирам полагањето на Државната матура да се реализира во амфитеатрите и други простории на јавните факултети каде има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење на комуникациски уреди за време на полагањето, затоа што најчесто, поединечни и масовни препишувања се случуваат преку примена на мобилни телефони и други уреди на кои има инсталирани апликации за комуницирање“, истакна Јаневска.

Втората мерка се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

„Мора да постојат санкции за набљудувачите, тестаторите и за сите они ги делат просториите со учениците што полагаат, а прават пропусти и жаргонски кажано – замижуваат пред некоректни активности од страна на учениците“, додаде министерката.

За луѓето на кои им го должиме животот, се’ најдобро: Во срцето на недопрената природа на Поречието, отворен домoт за стари и изнемоштени лица “Сувенир” (ФОТО/ВИДЕО)

Живописното село Самоков во срцето на Порчието, отсега нуди можност за згрижување на стари и изнемоштени лица. Просториите на поранешниот хотел “Поречки бисер” се адаптирани и реновирани во приватен старски дом, кој наскоро ги отвора вратите за првите штитеници.

Домот за стари и изнемоштени лица “Сувенир” е место кое ќе гарантира удобност, безбедност и секаква адекватна грижа за вашите најблиски.

Тука природата била најдарежлива и ги раширила своите рајски убавини на секој чекор. За тие што не знаат, Самоков се наоѓа на 600 метри надморска височина, во предел каде нема никакво загадување, каде виреат стотици различни билки и чаеви и каде утрата започнуваат со милозвучна мелодија на птиците.

Не случајно ова место е познато и како воздушна бања за срцево болни лица, затоа што тука природата го милува срцето, а тоа здравее. Самоков се наоѓа на 60 км оддалеченост од Скопје преку резервоарот Јасен, и на исто толкава оддалеченост од Прилеп.

Домот е опкружен од едната страна со поглед кон прекрасната црквичка Св. Илија, а од другата страна со базен и река, па токму затоа ова место е идеално за вашите најмили. Тука тие ќе бидат во вистински раце, со соодветен медицински надзор, а ќе можат да избираат и помеѓу разно-разните можности за рекреација.

Што нудат од СУВЕНИР?

Домот располага со одлично опремено катче за дружење и заедничко поминување на времето на штитениците, преку играње билјард, пинг-понг, табла, шах… и сл.

Тимот вработени веќе има разработено програми за прошетки во недопрената поречка природа, риболов и секакви други активности во зависност од можностите, физичката и здравствената способност на секој од штитениците.

Собите се опремени со посебно ВЦ и купатило, телевизор и удобни кревети, интернет, сопствени балкони, а во домот вашите најмили ќе добиваат адаптирана исхрана, ќе имаат 24-часовен медицински надзор и постојана примарна медицинска нега.

Неделите пак се резервирани за посети од семејството. Ќе можете да дојдите да поминете заедничко драгоцено време, а од луѓето од домот ви обезбедат фамилијарен ручек.

Објектот располага со прекрасно уредени двор и тераса, наменети за вечерно и дневно дружење на корисниците.

Во “Сувенир” добредојени и згрижени со соодветен медицински надзор ќе бидат и лица со деменција, а всушност тоа е и мисијата на тимот на домот, да обезбеди топло добредојде на секој посетител, потоа неговата посета како гостин да премине во навика, а “Сувенир” да стане негов ДОМ.

Доверете им ја грижата за скапоцениот живот на вашите родители, баби, дедовици… на луѓе кои умеат како и кои ќе им обезбедат најсоодветна нега и грижа. Чистиот воздух, раскошната природа и професионалниот пристап на тимот во “Сувенир”, не само што се вистински избор, туку со сигурност ќе придонесат за подобрување, како на физичкото, така и на умственото здравје на луѓето на кои им го должиме животот.

Посетете ги, или јавете се и разговарајте на телефонскиот број: 070 999 667.

Јаневска: Повисоки плати за наставниците и нов електронски дневник

„Уверувам дека ќе направиме максимални напори за да овозможиме платите постепено да растат, а до крајот на мандатот ќе потпишеме и нов колективен договор за основно и за средно образование“.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во дневникот на Сител информираше дека со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура веќе разговарала за можностите за унапредување на статусот на наставниците и за обезбедување на повисоки плати.

Јаневска посочи и дека во моментов МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот од идната учебна година.

„Пред неколку дена заврши проектот за изготвување нов електронски дневник и тој сега е на располагање на МОН. Разбрав дека истиот има добра заштита, за да не може да се бришат оценки и изостаноци. Но ние спроведуваме анкета меѓу наставниците дали сакаат само електронски или и хартиен дневник. Како ќе се изјаснат така и ќе постапиме, но мое мислење е дека сепак, треба да има и некоја скратена, печатена форма на дневник за евиденција“, рече Јаневска.