дома блог страница 82

И Кавадарци добива затворен базен – Прилеп не се знае кога

Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локација на поранешна “Ла Луна” во Кавадарци – информира на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Митко Јанчев.

-Овој затворен базен е со димензии од 25/9 и длабочина од 1.20 метри и истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани – напиша Јанчев.

Засилување на медицинскиот тим: Нови 22 доктори во службите на Болницата „Борка Талески“ – Прилеп (ФОТО)

21 нов доктор по општа медицина и еден доктор по стоматологија, добија решенија за вработување во прилепската болница “Борка Талески”.

Новопримените доктори, млади професионалци со свежа енергија и силна посветеност кон медицинската пракса, ќе бидат распределени во различни служби согласно потребите на установата. Нивното приклучување ќе овозможи поквалитетна, побрза и подостапна здравствена грижа, како и дополнително растеретување на постојниот медицински кадар.

-Нашата болница продолжува да инвестира во развојот на човечките ресурси, знаењето и професионализмот, со цел континуирано подобрување на здравствените услуги и обезбедување високи стандарди во третманот на пациентите. На новите колеги им посакуваме успешна работа, професионални успеси и заеднички придонес кон здравјето на нашите сограѓани – стои во соопштението од болницата “Борка Талески” Прилеп.

После распродадени 4 сали во Скопје, премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи во Битола

Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи после четирите распродадени сали во Скопје, премиерно ќе биде прикажан на 06.декември во киното Браќа Манаки во Битола. Сценариото и режијата се на Јани Бојаџи. Во главните улоги сe: Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска. Дел од екипата ќе се поклони пред публиката во Битола.

Се работи за политичко социјална драма во која режисерот ги опсервира луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме сите ние. Приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година, посебно 27 април 2017, ден што засекогаш ја смени нашата современа историја. Судир меѓу идеалите и реалноста; границата помеѓу вистината, лагата и совеста. Центар на филмот е актерот и неговата човечност. „Утре наутро„, филм што не се гледа лесно, но се памети долго.

„Посветен е на сите оние жени во Македонија кои се подготвени да ги одбранат семејствата и заедницата на која се посветени “, истакнува режисерот.

Продуцент на филмот е Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.

Во продолжение официјалниот трејлер од филмот:

Есенски прваци без ниту еден пораз – Прилепската екипа доминира во женската пинг-понгарска Суперлига

Женската екипа на „Младост 96“ ја заокружи есенската полусезона со извонреден успех, освојувајќи го првото место во најсилната женска пинг-понг лига без ниту една загубена средба.Во последниот натпревар каде со одлучуваше есенската полусезона со директниот конкурент Шампиони ФА,остварија победа со 4-3. Тимот ја демонстрира својата сила, зрелост и тактичка зрелост во секој натпревар, што резултираше со перфектен биланс и убедливо водство на табелата.

Во овој успех силен печат оставија Софија ХасануИва ДимитриескаЕмилија Божкоска, како и интернационалното засилување од Грција, Стела Цариду. Нивната одлична форма, карактер и посветеност на теренот ја потврдија амбицијата на клубот да биде врвна сила во македонскиот женски пинг-понг.

Тренерскиот и стручен тим истакнаа дека квалитетот на играчките, нивниот тимски дух и континуираната работа во клубот се клучот за овој успех. Од клубот упатија благодарност до поддржувачите и љубителите на спортот, најавувајќи дека ова е само почеток на уште поголеми успеси.

Искрени во намерата за зголемување на безбедноста во сообраќајот: Вредни ваучери во “Авто Контрол” и “Уни Ројал” за клиентите

Водени од мисијата за побезбеден сообраќај, компаниите “АВТО КОНТРОЛ” и “УНИ РОЈАЛ” oд Прилеп и оваа година со заеничка соработка во интерес на сите.

Koмпанијата “АВТО КОНТОЛ”, која важи за пример за општествена одговорност, на сите свои клиенти при регистрација на возилата, ќе им подари ваучер во вредност од 1.000ден. за набавка на нови гуми во “УНИ РОЈАЛ”.

Од друга страна пак, “УНИ РОЈАЛ”, при користење на одредени услуги од својот асортиман, на своите клиенти ќе им подари ваучер во иста вредност, кој ќе можат да го искористат при регистрација на своето возило во “АВТО КОНТРОЛ”.

Акцијата трае од 02.12.2025 до 15.03.2026

-Со оваа заедничка превентивна акција ја подигнуваме свеста за важноста од соодветна зимска опрема и редовна техничка исправност на возилата. Авто Контрол – Ваш сигурен партнер во сообраќајот. Безбедноста не е опција, туку обврска – стои во соопштението од компанијата.

Државниот шампион, велосипедистот Константин Костоски од Прилеп, официјално член на унгарскиот “Лотус тим”

По завршувањето на сезоната за 2025, година во која Константин учествуваше на бројни трки низ Европа како член на прилепскиот тим „Херој“, ги бранеше боите на Македонија, и година во која беше крунисан со титулата Државен шампион, сега младиот велосипедист од Прилеп и официјално потпиша договор и стана член на унгарскиот тим “Лотус” за 2026.

“Лотус” е јуниорски тим кој се смета за најдобриот во источна Европа, и во него членуваат велосипедисти од: Унгарија, Романија, Србија, Бугарија, Казахстан, Латвија, a сега и нашиот Константин.

Му посакуваме голем успех во претстојната сезона 2026 како и во понатамошната кариера.

Успешно заврши потрагата по 72-годишната прилепчанка – Самата се пријавила во полиција дека е добро и на безбедно

Успешно заврши потрагата по 72-годишната прилепчанка, Лилјана Блашкоска, која беше пријавена како исчезната.

Утрово потрагата по нејзе заврши, откако таа самата се пријавила во полиција дека е здрава, жива и на безбедно место, а информацијата ја потврдија од нејзиното семејство.

Претходно семејството објави на социјалните мрежи дека Блашкоска прво вчера била забележана на автобуската станица во Велес, а потоа со комбе на “Струмица експрес” се упатила за Радовиш.

Kривична за прилепчани: Со автомобил се судриле со друго возило, па физички нападнале свои сограѓани

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(23) и М.П.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2025 пријавените со патничко возило „форд“ удриле во патничко возило „голф“, во кое биле В.Р., Д.П. и М.К., а потоа ги нападнале со употреба на тврд предмет – информираат од МВР.

ИЗВОРСКА ЈУНИОР пренесува еко пораки преку проектот ЕКО авантура!

Во изминатиот период, во речиси сите градинки во Скопје се реализираше едукативниот проект на Изворска Јуниор – „ЕКО авантура“.

Одиграни беа преку 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а караванот продолжува и во другите градови низ државата.

Преку „ЕКО авантура“, Изворска Јуниор ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први навики за хидратација, правилно справување со отпад и почит кон средината во која растат.

Претставата е во продукција на Триангл, а режијата е на Десанка Глигоријевиќ. Содржината е прилагодена за детска возраст и на едноставен начин ги објаснува темите за рециклирање и чиста животна средина. Воспитувачите ја опишуваат како корисна за секојдневната работа со децата, а претставата лесно се вклопува во програмите за учење преку игра.

„ЕКО авантура“ е само еден од начините преку кои компанијата Кожувчанка ја покажува својата долгорочна ориентација кон децата како наша иднина и млади луѓе кои ќе ја градат свеста за околината во која живеат.

Со Изворска Јуниор како дел од овој проект, пораката е едноставна:

Кога навиките за хидратација и грижата за природата се градат уште од најмала возраст, тие остануваат со нас цел живот!

5 од 6 за прилепски Мега Баскет – Победа со 31 поен разлика на гостувањето во Скопје

Кошаркарите на прилепски Мега баскет стигнаа и до петтата сезонска победа од шест одиграни натпревари. Овојпат на гостувањето кај Младинец, прилепчани славеа со високи 57:88.

Со овој триумф Мега баскет го задржа второто место на табелата во Првата лига, и е на само еден бод заостанок зад Вардар – екипа која единствено досега успеа да ги победи прилепчани.

Дечките по којзнае кој пат докажаа дека Прилеп е гладен за спорт и дека ја сака кошарката. За својата пожртвуваност и игра ја заслужуваат целата поддршка, како од бизнис секторот, така и од општинските власти.