дома блог страница 80

Општина Кичево покажува како треба да се работи со дивоградбите (ФОТО)

Општина Кичево и новиот градоначалник Александар Јовановски, покажуваат како треба да се реагира кога се прекршуваат одобренијата за градење и кога се градат дивоградби.

-На локалитетот „Подкрушино“, екипите на Инспекторатот на Општина Кичево, во координација со НККР при МВР – ОВР Кичево, извршија затворање на градилиште поради изведување градежни работи спротивно на издаденото одобрение за градење, информираат од општината на социјалните мрежи.

Во соопштението од општината се вели дека се утврдени неправилности кај лицето Ф.С. (34), инвеститор од Кичево, за што ќе бидат преземени соодветни мерки и законски санкции.

-Општина Кичево продолжува со засилен инспекциски надзор со цел почитување на законите и заштита на јавниот интерес, стои во соопштението.

Концерт на Ана Бекута во Чачак: Демонстранти ја гаѓаа со снежни топки, таа продолжи да пее од комбе (ВИДЕО)

Дочекот на православна Нова година во Чачак помина со голем скандал на настапот на фолк-ѕвездата Ана Бекута. Додека пејачката се обидуваше да го одржи концертот, дел од насобраните демонстранти почнаа да фрлаат снежни топки кон неа, придружени со силен звук од вувузели и свирчиња.

Видно револтирана од попречувањето на нејзината работа, Бекута го прекина пеењето и директно им се обрати на напаѓачите: „Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме“, викаше пејачката од бината.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, тензијата била толку голема што Бекута морала да се повлече од бината, а наводно настапот го продолжила пеејќи од комбето на музичарите. Причина за револтот кај дел од жителите на Чачак е високата цена на нејзиниот настап, кој наводно ги чинел граѓаните околу 40.000 евра.

Mлад битолчанец возел “ќор пијан” и предизвикал сообраќајка – три девојки и возачите завршиле во болница

-На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.

По целосно документирање на настанoт, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од СВР Битола.

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе избор и пониски цени за граѓаните

Во „Тема на денот“ на ТВ Сител гостуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми од кои и за влезот на трет мобилен оператор. Тој ги образложи очекувањата од компанијата “4iG”, кога се очекува да започне со работа и кои ќе биде бенефитите за граѓаните.

-Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со “4iG” и драго ми е дека стигнавме до финале. Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува, вчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат, истакна Николоски.

Тој потенцираше дека најважно е што со влезот на третиот мобилен оператор конечно ќе се сруши дуополот што постои меѓу двата мобилни оператори.

-Но, она што е најважно за мене е дека конечно ќе се сруши дуополот којшто беше создаден помеѓу двата мобилни оператори и дека конечно и граѓаните и бизнисот ќе имаат понуда ќе имаат избор, ќе има натпревар за подобри услуги и пониски цени, рече Николоски.

Дојде на свет и првото крушевчанче во Новата година – Од претставничката на РСБСП доби вреден и корисен подарок

Со порака на надеж, грижа и одговорност, кампањата #РСБСПнаТерен продолжи и во новата 2026 година, посетувајќи ги првородените деца ширум Македонија.

Вчера, претставничката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Даниела Перканоска – генерален менаџер на компанијата “Авто Контрол” од Прилеп, ја посети болницата „Плодност“ во Битола, каде што на свет дојде првороденото бебе – жител на Општина Крушево во 2026 година.

Во знак на поддршка и грижа за најмладите, на семејството му беше донирано детско седиште за автомобил, како симбол на безбедно детство и одговорно учество во сообраќајот. На мајката и новороденчето им беа упатени искрени желби за многу здравје, радост и бериќет во новата година.

Од РСБСП потсетуваат дека празниците се време за семејство, љубов и нови почетоци, но и момент кога секој поединец треба да покаже одговорност и почитување на сообраќајните правила.

„Секој живот е важен“ – пораката што ја носи оваа кампања е јасна: со совесно однесување и почитување на законските прописи, можеме да придонесеме празничните денови да бидат исполнети со радост и среќа, а не со трагични последици.

„Не кани ме“, “Крал без круна”, “Се што побарав од тебе Господе” – Миле Кузмановски вечева во “Гостилница Мерак” во Прилеп

Вечерва Гостилница Мерак ќе биде местото каде што се спојуваат традицијата, емоцијата и вистинската македонска музика.

Просторот е резервиран за една од најголемите естрадни ѕвезди во Македонија – Миле Кузмановски.

Вечер исполнета со безвременски хитови како: „Не кани ме“, „Крал без круна“, „Се што побарав од тебе Господе“ и многу други песни кои се пеат од срце.

Во прекрасен староградски амбиент, со врвна традиционална македонска кујна и услуга на највисоко ниво, Гостилница Мерак потврдува зошто полека станува место за уживање со семејството, пријателите и најблиските.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 987 253, Гостилница Мерак се наоѓа на ул.”Кеј 1ви Мај” бр.16, позади новата катна гаража, кај кафанчињата.

Влезниците се по цена од 350ден.

Традиционално, вкусно и со мерак! Музика што буди емоции! Атмосфера за вистински моменти!

👉 Сабота, 17 јануари 2026

Вечер што не се пропушта! Вечер што се памети!

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија

Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се тема на разговор со Велика Британија и тоа нема да се случи, а СДСМ и Венко Филипче удирајќи по нашите државни партнери ги рушат темелите на Македонија, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Првата средба помеѓу премиерот Мицоски и британскиот премиер Стармер се случи во мај минатата година, сега сме јануари 2026, “М” од мигранти нема, но, има една многу сериозна работа тука. Без разлика кој колку сака да си ја задржи фотелјата во политичката партија и колку одредена политичка партија е слаба во одреден момент, не смее да се удира во темелите на државноста. Ние во моментов имаме три сериозни партнери, тоа се: САД, Велика Британија и Европската Унија. Удирањето по било кој од овие партнери, ги удира темелите на Македонија, а имавме скоро удар по првиот и по вторниот партнер. Интелектуалци блиски на СДСМ, сериозно удираа по претседателот Трамп и САД, а лично претседателот на СДСМ, Венко Филипче, удри по Велика Британија, посочи Николоски.

Тој упати директно прашање до СДСМ и Филипче да кажат која е нивната алтернатива, ако за партнери на државата не ги сметаат Велика Британија, САД и ЕУ.

-Дали за него алтернативата е Северна Кореја, или Русија, Кина, или нешто друго? Треба да знаеме каде е тој, ако проблем се Велика Британија и САД, затоа што овој начин на однесување ги руши позициите на Македонија, затоа што на крајот на денот тие нас не гледаат како една држава, а не како претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

Православните христијани денеска го празнуваат Св. Василиј Велики – Честит именден Васко, Василе, Васка, Нове, Васе…

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот.

Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните.

Младоста му поминала во времето на царувањето на царот Константин I Велики (306-337 година). Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. По смртта на неговиот татко во околу 345 година, тој го продолжил понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде школски другари му биле Григориј Назијанин и Јулијан Апостата.

Од Кесарија Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година заминал во Атина. Таму ја проучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата и медицината.

За Василиевото образование најдобро сведочи неговата голема ерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.

Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадал својот имот на сиромашните и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото.

Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во Египет останал кај архимандитит Порфитиј каде се задржал околу една година. Потоа го посетил и Ерусалим. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.

Во 370 година Свети Василиј станал епископ по смртта на Евсевиј. Погледите на заштитниците на Никејската вера се свртиле кон Василија. Против неговиот избор за Архиепископ на Кесраија Кападокијска биле аријанските еретици, бидејќи се плашеле од неговите храбри проповеди и разобличувања.

На оваа должност, според христијанството, Свети Василиј често пати испраќал кон верниците канонски поуки и совети, кои подоцна станале канони за целата црква, изградил многубројни болници, старечки домови.

Мирот во црквата, Свети Василиј не го доживеал и покрај тоа што нему му се препишуваат најголемите усилија за Вториот вселенски собор во Цариград 381 година, каде се донело одлука против сите ереси и раздори против кој Василиј се борел.

Починал на 31 декември 378 година, и свечено бил погребасн на 1 јануари 379 година, ден кога се слави и неговиот помен. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова”, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

Денес именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

Николоски: “СДСМ станува Левица, а Левица станува СДСМ”

СДС планира целосно да се изoлира, а нивното однесување се претвора во целосна деструкција кое се повеќе наликува на Лeвица, истакна во вечерашното интервју на телевизија Сител во Тема на денот, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, зборувајќи за лидерската средба која ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ и за можностите за укинување на т.н. техничка влада.

-Прво учеството на лидерската средба е доброволен чин, ние не можеме никој да присилиме да присуствува или да не присуствува. Второ, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски покажаа една големина, бидејќи ние имаме двотретинско мнозинство во Собранието, и без разлика на тоа решивме да организираме лидерска средба за најкрупните прашања кои се во интерес на државата. Во едно друго време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДС, тие или не комуницираа, или одржуваа средби колку да се случат, вели Николоски.

Николоски додаде „ако СДС сака да се изолира, ние тука не можеме ништо да направиме“, посочувајќи го феноменот кој моментално се случува на македонската политичка сцена, а тоа е дека СДС се повеќе наликува на Левица, а Левица станува СДС, односно приматот на деструкција, сега го презема најголемата опозициска партија.

Гран При за Сергеј Попоски од Прилеп на престижниот WAF Contest – WAF Awards 2026

Изминатиот викенд се одржа свечениот гала концерт на WAF AWARDS, на кој беа соопштени победниците во сите натпреварувачки категории.

Годинашното издание на WAF Contest – WAF Awards 2026, кое се одржа во Скопје, собра вкупно 50 вокалисти, распоредени во пет возрасни категории, при што секој учесник беше оценуван според квалитетот и убедливоста на својата изведба.

Покрај признанијата доделени по категории, настанот беше одбележан и со врачување на најпрестижната награда – Гранд При. Годинашниот добитник на ова врвно признание е прилепчанецот Сергеј Попоски oд Прилеп, кој со својот настап се истакна како најуспешен учесник на фестивалот WAF AWARDS.