дома блог страница 78

Фатени двајца дрвокрадци кај прилепско Беловодица

-На 15.01.2026 во 17:15 часот во атар на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Н.Б.(47) и Е.А.(45), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив се пронајдени и одземени две моторни пили и бесправно исечени дрва. Пилите и дрвата се предадена на шумска полиција за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

25-годишник од Прилеп со автомобил излетал од коловозот на патот Прилеп-Битола

-На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(25) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, информираат од СВР Битола.

Макрон се појави со црвено и отечено око пред војници

Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Око на тигарот“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна

За време на неговото годишно обраќање пред француските војници, францускиот претседател се појави со црвено око.Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.

Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Око на тигарот“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна, пренесува Индекс.хр

Споменувањето на името на песната од рок-групата „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека мора да стане посилна и побрза.

Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека вршеше инспекција на војниците.

„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон.

„Само сфатете го како ненамерна референца на Око на тигарот… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

Во своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во Истр на југот на Франција Макрон најави поголеми средства за одбрана.

Во контекст на војната во Украина и тензиите околу арктичкиот регион, тој предупреди дека „нов колонијализам функционира меѓу некои во светот“. „Историјата не простува ниту лоша подготовка ниту слабост“, рече францускиот претседател откако објави дека француски војници ќе бидат испратени во Гренланд за да ја зајакнат безбедноста на Арктикот во заедничка мисија со европските сили.

„Европејците имаат посебна одговорност, бидејќи оваа територија ѝ припаѓа на Европската Унија“, рече Макрон. „Почетен тим воен персонал е веќе на терен и ќе биде зајакнат во наредните денови со копнени, воздушни и поморски средства“.

Макрон ги повтори своите повици до Франција и Европската Унија да ја зајакнат својата способност да дејствуваат независно од Вашингтон и да преземат одговорност за сопствената безбедност. Тој го истакна нуклеарниот арсенал на Франција како „најнезависен“ во Европа бидејќи, за разлика од британскиот систем „Тридент“, не му е потребна поддршка од САД.

“Камен ладно” на крајот на јануари: Поларен студ ќе ја зафати Европа

По декември со претежно стабилно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е покриен со снег, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови. Во исто време, се формира голем сибирски антициклон, кој кон крајот на месецот може да насочи многу студен, па дури и поларен воздух кон југ. Влијанието на атлантските циклони е ослабено, а во блиска иднина не се очекуваат долготрајни јужни ветрови, пишува IstraMet.

Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Почнувајќи од недела, температурите ќе се спуштат на просечни нивоа за овој период од годината, со бора и левант ветрови. Ова ќе биде вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.

Позначајна промена е можно да се случи кон средината на третиот дел од јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Тој би можел да го премести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од студениот воздух ќе стигне и до нашите региони. Сè уште е прерано за подетални прогнози.

Македонските ракометари го почнуваат настапот на ЕП, вечерва на мегдан со домаќинот Данска

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.

Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска (првиот дуел беше во 2014 година). Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија.

Нашите ракометари во недела од 18 часот играат против Португалија, а во вторник во истиот термин противник ни е селекцијата на Романија.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.

Три вечери, три музички приказни за продолжениот викенд во Terasa – вам ви останува да резервирате навреме и да уживате

И кога мислевме дека празниците завршуваат – Terasa Pub Club го докажува спротивното! Пред нас е продолжен празничен викенд исполнет со врвна жива музика, одлична атмосфера и препознатливиот терaса-стил што одамна ги освои прилепчани.

🔴 Петок | 16 јануари
Викендот започнува со проверениот акустичен тандем Боби & Никола, кои со својата емоционална изведба и познати хитови ветуваат топла атмосфера и одличен вовед во викендот.

🔴 Сабота | 17 јануари
На сцената во Terasa за прв пат доаѓаат Dynamik – енергична свирка, препознатливи аранжмани и музика што се слуша, се пее и се чувствува. Совршена саботна ноќ за дружење до доцна.

🔴 Недела | 18 јануари
Празничниот викенд кулминира со G&G, дуо кое носи богат репертоар – идеално за неделна вечер со стил.

Terasa Pub Club и овој викенд нуди огромен избор на пијалоци, вкусни мезлаци и амбиент што повикува на уживање, смеење и музика во живо. Празничната атмосфера продолжува, а спомените се создаваат токму тука.

📞 Инфо и резервации: 070 304 967

Terasa Pub Club – местото каде викендите во Прилеп звучат најубаво.

Довербата има свој знак – Mint Store со беџ за верификуван е-трговец


PR објава

Со големо задоволство и гордост објавуваме дека Mint Store го доби беџот „Верификуван е-трговец“, од АЕТСМ (Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.), што претставува значајнопризнание за квалитетот, безбедноста и транспарентноста на нашето работење.

Овој беџ не е само визуелен симбол, туку јасна потврда дека Mint Store ги исполнува највисоките стандарди за сигурна и регулативно усогласенае-трговија. Тој гарантира дека купувачите можат да пазаруваат со доверба, знаејќи дека се на платформа која работи според најдобрите практики во индустријата. За нас, ова признание има особено значење.

Тоа е резултат на континуирана посветеност кон подобрување на корисничкото искуство, јасна и транспарентна комуникација, како и постојано унапредување на услугите што ги нудиме на Mint Store. Како дел од заедницата што ја гради иднината на онлајн купувањето во Македонија, веруваме дека довербата се гради со дела, а не со зборови.

Токму затоа, овој беџ го гледаме не како крајна цел, туку како обврска да продолжиме соусовршувањето на корисничкото искуство.Како платформа што обединува разновидна понуда на производи на едно место, остануваме фокусирани на нашата мисија -да овозможиме лесно, безбедно и пријатно онлајн купување.

Mint Store – Вашиот online трговски центар.

Акција на МВР – И во УЈП имало криминалци

Попладневната полициска операција која се спроведува низ целата држава почна да ги вади на површина првите детали. Според неофицијални информации кои ги пренесе Нетпресс, во досегашниот тек на акцијата се лишени од слобода над 10 лица, сите осомничени за организирано затајување данок и даночна измама од огромни размери.

Дел од осомничените се вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), кои наводно ја злоупотребиле службената положба за да овозможат нелегални поврат на ДДВ и други даночни малверзации.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека истражителите, со асистенција на МВР, продолжуваат со претреси на повеќе локации. Акцијата е резултат на долготрајна истрага за финансиски криминал и перење пари.

Веќе станa убава традиција: По шести пат празникот Богојавление Водици ќе се одбележи кај Плетварското езеро

И оваа година, по шести пат, на уникатен начин ќе се одбележи еден од поголемите христијански православни празници – Богојавление (Водици), со влегување во осветената вода на Плетварското Езеро кај Прилеп. Настанот се одржува во духот на православната вера, со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.

Годинешни кумови и домаќини на настанот се Никола Минчески и Стеван Димоски, кои продолжуваат по стапките на своите претходници. Тие ќе се погрижат за изградба на параклис на самото место, обезбедување топли напитоци за сите учесници и гости, како и соодветно место за пресоблекување на учесниците.

„Она што започна како едноставна идеја, денес прерасна во традиција со сè поголем број на учесници и сè поголем одзив. Голема благодарност до сите претходни и овогодишни домаќини кои несебично се вклучија во реализацијата на овој настан“, истакна еден од организаторите.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани кои сакаат да бидат дел од овој прекрасен настан, во понеделник во 11:00 часот да присуствуваат на Плетварското Езеро.

Ристески за новиот закон на Владата против пушење: “Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето”

Треба да се има поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој присуствуваше на настан во општина Кисела Вода.

Тој беше прашан дали е предвидена средба со угостителите во однос на најавениот закон против пушење.

-Новиот закон за пушење што е во најава е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. Секако дека ќе има средби со угостителите и со сите со цел да бидат запознаени пред се од страна на Министерството за новиот закон. Јас сметам дека треба да се има поддршка на секој закон што пред се го штити здравјето на граѓаните и постепено законската регулатива да ја адаптираме и прилагуваме на европските законски регулативи, одговори Ристески.