дома блог страница 5563

Престрелка со жртви во Ѓорче !

Предмалку пред експозитурата на Стопанска Банка во ПОРТА ВЛАЕ пред “КАМ” маркетот кај кружниот тек во Ѓорче Петров имаше престрелка.

ОВАА Е ТОЧНАТА ЛОКАЦИЈА  markukule.mk ПРВ ДОЗНАВА:

1

2

3

4

Трагедија во Прилеп: Почина 3- годишно дете од труење со храна

Околу 8 часот во Полициската станица-Прилеп од Медицинскиот Центар Прилеп било пријавено дека кај нив била донесена почината 3-годишна Анета Реџеповска од Прилеп, пишува порталот Прес 24.
Првично докторите се сомневаат дека се работи за труење од храна.

Ќе биде извршен увид.

Прилепчанецот Кузманоски сеуште решети противнички голови.

Горан Кузманоски е еден од плеадата Македонци во ракометот со богата кариера, многу достигнувања и најбитно од се сеуште активен на паркетот, полни противнички голови како на шала. Роден Прилепчанец, настапувал за повеќе клубови во домашната лига, моментално го носи дресот на романски Одорхеи каде е најдобар стрелец на клубот. Горан е еден од низата амбасадори на бившиот ТУТ-КОМ и ни е особено драго што го имаме како сограѓанин.
Горан добредојде на маркукуле.мк. Како започна твојата ракометна бајка, кога активно започна да се бавиш со ракомет и кои се чекори ги изоди за да бидеш таму кај што си сега?

Здраво дечки и ви благодарам на интересот да се позанимавате со мојата ракометна сторија.
Јас потекнувам од ракометно семејство, можеби тоа е причината да од мали нозе започнам да го сакам овој спорт и да ми влези во вените. До душа никогаш точно не знам да одговорам на ова прашање. Да тренирам активно почнав на мои 10 години. Ги поминав сите школи, почнувајќи од пионерската, па кадетска и младинска. На 16 годишна возраст дебитирав за првата екипа на Тутунски Комбинат и од тогаш продолжив да се движам во нагорно ниво.

Кој беше секогаш со тебе, кој ти помагаше и ти беше поткрепа сите тие години на развој и градење на кариера?

Моето семејство пред се секогаш беше тука да ми помогни со совети, да ме предупреди за тоа колку е тежок професионализмот, можеби затоа влегов спремен во сето тоа и во целата таа приказна. Додека пак во интернационалната кариера само самиот на себе можеш да си помогнеш.

На клубски план, каде се настапувал Горан Кузманоски, од кој клуб си најзадоволен од условите и кое е твоето клубско најголемо достигнување?

Имам големо интернационално искуство, меѓутоа имам играно и за македонски клубови, како Вардар каде настапував во Лигата на шампиони, потоа Металург и Пролет. Низ годините во странство собирав искуство и се надоградував. Не беше лесно, за тоа знаат сите што излегле некаде надвор да играат. Меѓутоа поминав убави години. Од сите досегашни клубови најзадоволен сум од овој во кој играм моментално. Тука сум веќе 6 години. Со раководството сум во одлични односи и затоа се трудам колку што можам да помогнам и на наши македонски играчи кои скоро секоја година доаѓаат во клубот. Тука исто така го доживеав и најголемиот успех во кариерата, односно освојувањето на Challenge купот, кога како капитен имав чест да го подигнам пехарот. Таа година бевме тројца Македонци и воедно првите кои можат да се пофалат со такво нешто.

 

 

 

 

 

 

 

 

Кој ти дава сила, енергија, од каде потекнува најголемата поддршка за тебе?

Најголемата поддршка ја имам од семејството и пријателите. За да бидеш успешен треба да имаш мотив, јасна цел, самодоверба и позитивни луѓе околу себе. Се трудам да биде така секогаш

Какво мислење имаш за моменталната состојба на ракометот во Македонија и Македонската ракометна лига?

Колку што можам да пратам, искрено ми е криво што многу ракометни центри и градови згаснаа, но што е тука е. Се надевам ќе дојдат подобри времиња. Најмногу го пратам мојот матичен клуб РК Прилеп, на кој сум посебно горд што од година во година се враќа на правиот пат, онака како што беше пред многу години. Драго ми е што уште има луѓе што несебично го сакаат ракометот и направија многу за него.

Горан ти благодариме, горди сме на тебе, ти посакуваме да бидеш во топ форма секогаш и да го пренесуваш целото ракометно богатство со кое располагаш на идните генерации.

Ви благодарам и јас, ги поздравувам читателите на маркукуле.мк и моите Прилепчани.

Подготви: Александар Георгиоски

Голема акција на МВР: Уапсени повеќе лица – вмешани и судии

lisici-apsenjeytjn56u65u56u5

Голема акција спроведува македонската полиција во моментов. Како што дознава Пресс24 од полцииски извори, приведени се повеќе лица кои се сомничат за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти. Нашите извори велат дека постојат сомненија дека групата соработувала со одредени судии во еден од судовите низ Македонија.

Од МВР за Пресс24 потврдуваат дека се спроведува голема акција, но не откриваат повеќе детали бидејќи е сеуште во тек.

РИЧКО е неосвоива тврдина повторно победа на прилепските ракометари

kraj

Р.К. Прилеп – Р.К. Тинекс пролет 30-22 (14-11) Домаќимите повторно покажаја дека Ричко е неосвоива тврдина. Публиката задоволно аплаудираше и ги бодреше своите пулени во текот на сите 60 минути.

Натпреварот се одвиваше според планираното но квалиетот дојде до израз во второто полувреме кога и разликата на семафорот растеше од минута во минута. Кај домаќините најрасположени беа голманот Раичиќ, крилото Турченко и стандардниот Шаренац

26

ПРИЛЕПСКИОТ „БОМБАНДЕР“ КОНЕЧНО ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација го повикал напаѓачот на Интер Запрешиќ, Илија Несторовски во репрезентација.

ФОТО: 660 кандидати за идни полицајци ја започнаа обуката

1

Во Центарот за обука на кадри при Министерството за внатрешни работи во Идризово од денес започна едногодишна обука на 660 кандидати за полициски службеници кои беа селектирани по објавениот оглас за прием на 600 полициски службеници кој беше објавен на 10 јули 2015 година.

2

-Како што е познато на конкурсот објавен на 10.07.2015 за прием на 600 извршители на работното место „полицаец“ беа пријавени околу 3000 кандидати. Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази на проверки по принципот на рангирање. Беа опфатени тестирања на физичките способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и здравствени проверки. Притоа, со овие кандидати е потпишан Договор за основна обука за полицаец во траење од една година започнувајќи од 07.10.2015 година, соопштуваат од МВР.

3

Интернатската обука на кандидатите ќе се одвива во три образовни модули- јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Секој од модулите трае четири месеци од кои три месеци кандидатите ќе имаат теоретска обука, а по еден месец практична, теренска обука. По завршената основна обука , Договор за вработување во МВР потпишуваат 600 кандидати согласно ранг листата изготвена од Центарот за обука .

 

Нова Марлборо понуда произведена во Македонија

Philip-Morris.jpg-500

Компанијата формирана како стратешко партнерство меѓу Philip Morris International и Тутунски Комбинат Прилеп продолжува да носи новости на македонскиот тутунски пазар.

Неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), заедничката компанија Филип Морис ТКП започна со производствона една од најновите понуди на светски познатиот бренд Марлборо во Македонија. MarlboroFlavorPlus е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот така и во дизајнот на пакувањето, што е произведена во Македонија во постојните капацитети на ТКП кои беа дополнително зајакнати и модернизирани со поддршка на стратешкиот партнер, Philip Morris International.

Во текот на изминатата година, партнерите започнаа со соработка, модернизација и размена на најдобри практики, со цел да обезбедат одржлив комерцијален успех.

-Конечно започнавме со производство на Marlboro Flavor Plus во Македонија. Ова е една од најиновативните понуди од нашиот премиум бренд. Долгоочекуваното производство на Марлборо во Македонија ги покажува нашата верба во партнерството и дека тоа се движи во правилна насока. Истовремено, ја претставуваме на пазарот нашата прва понуда на тенки цигари: FineTouch XL, кои се увезени од една од врвните светски фабрики на PhilipMorrisInternational. Двете нови понуди се иновации во поглед на нивното уникатно пакување и карактеристики на производот. Со ова, ние им нудиме производи од светска класа на возрасните пушачи во Македонија”, изјави Генералниот менаџер на ПМТКП, ЕмреКозлу.

Според Генералниот менаџер на Тутунски Комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, производството и лансирањето на Marlboro Flavor Plusе многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на PhilipMorrisInternational, BondStreet.

-Модернизацијата на фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија”, додаде Дерменџиев.

MarlboroFlavorPlusе иновативен производ, кој содржи 3-зонски филтер со тутунски дел. Пакувањето на производот има подобрена заштита со неговиот патентиран систем за отворање и е меко на допир. Достапно е на пазарот по цена од 130 денари. Од друга страна пак, MarlboroFineTouch XL е првата тенка цигара понудена од Марлборо во Македонија, дизајнирана да има послаб мирис поради нејзиниот уникатен микс, а со цена во малопродажба од 90 денари.

За само една година постоење, заедничката компанија Филип Морис ТКП направи значителни чекори во менувањето на тутунската индустрија во Македонија. Производство на неколку интернационални брендови во Македонија, влезот на висококвалитетни светски брендови, како Честерфилд, реструктуирање на фабриката и модернизацијата со партнерот ТКП се само неколку од успесите кои вреди да се споменат од изминатиот период.

Мега популарната ѕвезда Миле Кузманоски за маркукуле.мк од Pub Connect, Битола

Изминатиот викенд бевме во Битола. Го посетивме најновиот и најсовремениот локал во градот на конзулите, Pub Connect, сместен во новиот дел на градот во трговскиот центар Кеопс. Пријатен амбиент, одлична услуга, широка понуда на професионално подготвена и сервирана храна, беше првиот впечаток кој го довивме и беше причина да уживаме во ваквиот шаренолик мозаик. Pub Connect исто така располага со свој паркинг простор, нуди организирање на свечености, има своја кетеринг служба, а секој викенд можете да уживате во звуците на нивните музички гости. Искрено го препорачуваме ова место и сметаме дека е репер за тоа како треба да изгледа еден елитен кафе-ресторан, што би ги исполнувал условите за идеален помин. Луѓето од локалот беа љубезни и ни овозможија дружење и интервју со нивниот гостин на вечерта, мега популарната ѕвезда на естрадата, Миле Кузманоски. Го запрашавме за почетоците на неговата кариера, за новините кои ги приготвува, за настапите и идните планови.
Миле Кузманоски, добре дојдовте на страниците на маркукуле.мк, благодарни сме на прифаќањето на поканата да бидите наш гостин и среќни сме што можеме да ги информираме нашите читатели за вас.

Благодарам на поканата и покажаниот интерес.

Знаеме сите кој е Миле Кузманоски и која големина ја имаат неговите настапи насекаде низ Македонија, но не знаеме нешто друго. Како започна вашата кариера и кои се вашите први контакти со музиката?

Официјален старт на кариерата ми беше на Македонската Радио Телевизија далечната 1990 година, додека пак прв фестивал на кој настапив е “Валандово” со композицијата “Песна која боли”

Што ве натера да ја негувате македонската песна, да започните професионално да се бавите со музиката и да бидите секогаш причината за добра забава и прекрасен помин?

Одсекогаш го сакав пеењето, можеби тоа е причината да започнам професионална кариера и да се бавам со музика на повисоко ниво. Причината за одличното расположение кај публиката на моите настапи ја наоѓам пред се во тоа што уживам во работата и истата ја работам со огромна љубов.

 

 

 

 

 

 

Kолку долго сте на македонската естрада и кои свои успеси ги сметате за најголеми достигнувања?

Веќе 25 години опстојувам, работам, творам на Македонската музичка сцена. Следната година планираме со мојот тим овој јубилеј да го крунисаме со голем концерт во Скопје, а се надевам и по другите градови.

На сите ваши настапи конкретно во Прилеп и Битола се бара маса и карта повеќе. Што значи тоа за еден естраден уметник како вас, колку влијае таквото расположение на публиката на вашата мотивација и желба да им го пружите она што го бараат од вас?

Па се разбира дека исполнува душа сето тоа. За мене најголемиот и единствен стимул за работа можам да кажам дека е публиката. Се додека имаме љубов јас ќе постојам и ќе работам само за нив.

Со колку награди за свои песни на фестивалите низ Македонија можете да се пофалите?

Навистина не можам да ги набројам сите награди, ги има премногу. Би ја издвоил онаа која ја имам како најмила и највредна, а тоа е наградата од фестивалот “Цветници” 2000та година со песната “Не кани ме” , песна која ми го смени животот и ме направи препознатлив кај народот. Се надевам дека песната ќе остане засекогаш да векува и да потсетува на мене.

Кои се идните планови на Миле Кузманоски, што подготвувате, со што ќе не изненадите во иднина и ќе ја збогатите македонската фолклорна сцена?

Најново со што можам да се пофалам е новиот албум “Шприцер”, што претставува нешто на што долго и напорно работев. На него се наоѓаат девет комплетно нови композиции, како и три бонус нумери со видеозаписи за истите.

Дали Миле Кузманоски има слободно време и како го поминува?

Секој слободен момент, секој слободен миг во мојот живот сакам и им го посветувам само на моите две ќерки.

12112535_10206628966354317_2016445505_o

 

 

 

 

 

 

Настапувате и надвор од границите на Македонија, колку често се дружите со македонската дијаспора ?

Со нашинците надвор од Македонија не сум се дружел веќе пет години, правам пауза од настапите настрана од нашата земја. Инаку имав бројни настапи во Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија, Австрија и.т.н.

Имате ли омилена публика, омилено место за настапи, омилен град?

Ја сакам ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА !

Конкретно за вас кој е патот до успехот ?

Сметам дека упорноста и истрајноста се секогаш гарант за успехот. Во нашата професија исто така она што оди во прилог на секој естраден уметник е тоа да си свој, да бидеш уникатен, а со тоа и препознатлив.

Ви благодариме на одвоеното време, ви посакуваме пред се добро здравје, уште многу награди, нови песни и секогаш задоволна и расположена публика.

Ви благодарам и јас, поздрав до читателите на маркукуле.мк и се гледаме во наредна прилика.

Pub Connect

Подготви: Александар Георгиоски

11 издание на фестивалот на новиот германски филм

 

 

покана фестивал на новито германски филм

Од 8. 10 до 10.10 во Кино Мис Стон во Прилеп традиционалнао ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм. Отворањето на 11 издание на фестивалот е во четврток 8 октомври во 19.30 часот, а ќе присуствува и германската амбасадорка д-р Кристине Д. Алтхаузер.
Фестивалот на новиот германски филм годинава започнува во Прилеп. Има посебно место не само во прилепскиот, туку и во македонскиот културен живот и претставува доживување за сите љубители на германскиот јазик.
И годинава фестивалот понудува најнови германски продукции, со што ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија. На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па се до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. Се разбира оставен е простор и за најмладите.

Филмови што ќе се прикажуваат во кино Мис Стон
Четврток 8. октомври
19.30 часот – ,,Роден во болка,, режија Флориан Шварц ( криминален филм)
Петок 9. октомври
18.00 часот – ,,Феникс,, режија Кристиан Пецолд, (драма)
20.00 часот – ,, Хакери,, режија Баран бо Одар, (трилер)

Сабота 10 октомври
16.00 часот – ,, Лола на грашокот,, режија Томас Хајнеман, ( филм за деца)
18.00 часот – ,, Спасете го Рафи,, режија Аренд Агте, (филм за деца)
20.00 часот – ,, 300 збора германски,, режија Зили Аладаг (комедија)

vtor del pokana