дома блог страница 5552

Градоначалникот Ристески на Ашуре

1

Традиционално и оваа година градоначалникот Марјан Ристески го посети н.м. Канатларци каде на покана на Бекташиската Верска Заедница Сабедин Јусуфоски присутвуваше на свечениот ручек „АШУРЕ“ во „Бекташиското Теке Дикмем Баба“. Градоначалникот Ристески им го честита празникот, им посака добро здравје и негување на традиционалните вредности нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит. Оваа востановена традиција што ја практикува Бекташиската заедница од ова населено место каде 90 % живее турско население го симболизира споделувањето, солидарноста, љубовта, богатството и заедничкиот живот. Според верувањата традицијата за ашуре, стара со векови, започнува од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасуваат од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во бродот се собира и се направи еден оброк. Тој оброк се нарекува ашуре. Ашурето се нарекува и јадењето, љубовта и хуманоста. Се споделува со комшиите, пријателите и роднините.

2

3

4

5

6

7

8

Овој викенд се оддржа параглајдинг купот PRILEP OPEN-2015

3

Насмеани фаци, супер дружење, натпревар, рекреација, музика, сонце и многу адреналин, преовладуваа и оваа година на традиционалниот „Prilep Open – 2015“ – Параглајдинг куп. „Параглајдингот како дел од големиот потенцијал што овој регион го има за авантуристички туризам привлекува се поголем број на посетители и покрај многуте успешни спортски манифестации кои има интернационална димензија, општина Прилеп се покажа и оваа година како одличен домаќин“, посочи градоначалникот Марјан Ристески. Освен натпреварувачките дисциплини особено атрактивно беше и слободното летање и тандем летовите за посетителите кои имаа можат да си ги дозволат вљубениците во параглајдеризмот. И оваа година организатори на насанот беа: Општина Прилеп, УСАИД Македонија и клубот за параглајдинг Skyriders Прилеп.

2

1

4

5

6

7

8

9

10

11

12

Родители, еве како да не ги разгалите децата

Deca-kompjuteri

Родители, еве неколку совети, како да не ги разгалите децата. Тешко е да се излезе на крај со детето што е навикнато другите да прават се наместо него, а со цел вашето дете да не стане еден таков пример, можеби ќе ви помогнат некои од овие совети.

Голем број родители сакаат да ги заштитат сопствените деца и да ја продолжат нивната фаза на „детско размислување“. Тие се обидуваат со се за нивните деца да не бидат тажни и разочарани, но понекогаш поради тоа не ги учат на некои работи што децата би требало да ги знаат.

Децата во еден момент мора да почнат да учат на последиците (во сигурни услови и во одговарачка возраст, секако).

Голем број рoдители премногу им дозволуваат на децата, но тоа е така затоа што се обидуваат да ги заштитат од разочарување и тага. Тешко е да се излезе на крај со детето што навикнало сите други да работат за него, а за да спречите вашето дете да прерасне во еден таков пример, можеби ќе ви помогнат некои од овие совети:

– Немојте да им се јавувате повеќе од еднаш наутро за да станат за во училиште. Научете ги да го наместат алармот и сами да стануваат кога ќе бидат доволно возрасни за тоа;
– Немојте да ги собирате нивните валкани алишта. Научете ги каде е местото за ставање валкани алишта;
Научете ги сами да расчистат зад себе и да се погрижат за сопствените работи;
– Очекувајте од нив да ви помогнат околу местењето на масата за вечера и расчистувањето по јадење;
Немојте да им купувате нешто секој пат кога ќе одите во шопинг;
– Научете ги да бидат одговорни кога станува збор за домашните задачи;
– Немојте да попуштате кога ќе почувствувате дека се обидуваат да манипулираат со вас со помош на солзи;
– Колку е можно почесто дозволете да се случат некои природни нешта. Немојте да интервенирате. Последиците може да бидат одличен начин тие да научат некои работи;
– Научете ги како да бидат независни и поттикнете ги да се осамостојат во иднина;
– Пред се, треба да го сакате детето и да му дадете до знаење дека сте тука за него. Но немојте да се однесувате кон него како да има три години, ако има 13, затоа што подоцна ќе си имате работа со 20-годишно момче што се однесува како дете.

Денеска сонце, температура до 22 степени

sonce136-495x396

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7, а дневните од 17 до 22 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

ФОТО: Лила Филиповска со порака до мажите

1

Лила во нејзин стил испрати порака до мажите.

Не верувај на жена која знае што да облече.

Атрактивната водителка со прекрасна фотка и мудра порака ги собра сите лајкови на Фејсбук.

Погледнете што порача таа на своите пријатели.

2

Блер се извини за војната во Ирак: Не проценивме добро што ќе се случи по падот на Садам

toni-bler-1-640x396

Се извинувам за фактот што информациите што ги добивме беа погрешни. Исто така се извинувам и за грешките во планирањето и со сигурност за погрешната процена што ќе се случи откако ќе го симнеме режимот.

Тони Блер за прв пат се извини за војната во Ирак и изјави дека има „делумна вистина“ во тероијата дека инвазијата помогнала во креирањето на терористичката Исламска држава – ИД, пренесува британски „Индепендент“.

Во интервју за Си Ен Ен поранешниот премиер изрази жалење затоа што информациите што стоеле зад одлуката за нападот врз Садам Хусеин во 2003–тата биле погрешни и призна дека имало грешки за време на планирањето на операцијата.

На прашањето како се чувствувал откако не успеале да најдат оружје за масовно уништување во Ирак, Блер одговори:

Се извинувам за фактот што информациите што ги добивме беа погрешни. Исто така се извинувам и за грешките во планирањето и со сигурност за погрешната процена што ќе се случи откако ќе го симнеме режимот. Но, воопшто неможам да се извинам што го симнавме Садам, вели тој.

Во друг дел Блер беше прашан дали војната во Ирак го поттикна создавањето на терористичката Исламска држава.

Сметам дека има делумна вистина во тоа. Секако неможете да кажете дека ние, кои го симнавме од власт Садам во 2003-тата, не сме одговорни за ситуацијата во 2015-тата“.

Во минатото, Блер несакаше да говори многу за тоа што било погрешно. Во 2007-мата тој одлучно тврдеше:

– Не мислам дека воопшто треба да се извинуваме за тоа што го правиме во Ирак.

Инаку, интервјуто со Блер е дел од поголем документарен филм насловен „Долгиот пат до пеколот: Америка во Ирак“, што треба да се емитува следната недела.

(ВИДЕО) – Неверојатно ново руско оружје во Сирија

hqdefault

Неверојатно супер разурнувачко руско оружје ги унижтува позициите на ИД во Сирија. Оружјето е налик на ласер и има огромна уништувачка моќ според видеото. Погледнете како тоа изгледа .

Art Caffe Aporea & Calypso – 24.10.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”62″ gal_title=”Art Caffe Aporea & Calypso 24.10.2015″]

(ВИДЕО) – Поглавицата ги поздрави читателите на маркукуле.мк

3

Индијанецот Персиј Винса Карбархари кој живее во Битола, вчера беше во центарот на Прилеп и уште еднаш ја свиреше пријатната индијанска мелодија, на која уживаја сите минувачи. За маркукуле.мк специјално упати поздрав и вели дека ужива во Македонија, која ја смета за Библиска и земја на сонцето.

 

ОКТОМВРИСКО СОНЦЕ, ЗА САБОТНО РААТ КАФЕ 24.10.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”61″ gal_title=”Саботно кафе – 24.10.2015″]