[Best_Wordpress_Gallery id=”65″ gal_title=”Саботно Кафе 31.10.2015″]
ПОСЕТА НА ДРУШТВОТО ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА
По повод Месецот на книгата, учениците од ООУ „Климент Охридски“, членови на додатната настава по македонски и англиски јазик и членовите од литературната секција од училиштето, заедно со дефектологот Светлана Миоковиќ –Томеска, наставничките Весна Јонзоска, Билјана Наумоска-Шукуроска и Јулијана Талеска го посетија Друштвото за слепи и слабовидни лица.
Ќе зборувам во прво лице, бидејќи сум полна со емоции. Очекував една обична средба на која ќе видиме книги со браева азбука, ќе се сликаме и ќе си одиме… ама видов и доживеав и јас и учениците и наставничките, работи кои вреди да се споделат:
Средбата со Благоја Мисовски, Љубен Спиркоски и особено со Марија Арсова беше несекојдевен настан. На почетокот бевме топло примени во една скромна и мала соба во Центарот за социјални грижи. Домаќините беа многу радосни на гостите, беа гостопримливи и отворено одговараа на сите прашања. Ни ги претставија предметите кои им го олеснуваат животот и помагаат да се интегрираат во општеството. Видовме топки за фудбал, часовник, шах, прибор за геометрија, браева машина за пишување, книги на браево писмо и слушнавме аудио книги. Марија ни демонстрираше како се пишува на машината, ни кажа за буквата А, ни нацрта тријаголник, поигравме шах…
Од нејзината отвореност, искреност и леснотија на презентирање на нештата, сите ние увидовме дека тие луѓе се исти како нас, единствено имаат поинаков пристап кон нештата. Допирот е нивното сетило. Гледајќи ја Марија како демонстрира, на моменти не бев сигурна дали навистина е слепа или така ми се чини. Таа толку успеала да се носи со слепилото што и на дело покажа дека нема никаква разлика со нас – кои гледаме. Оваа средба и разговорот со неа покажа дека не гледаме доволно, не ги гледаме квалитетите на луѓето… имаме предрасуди и секогаш сме со резерва кои оние кои имаат различни пристапи кон светот. Оваа посета растреси многу работи кај нас: кај мене, кај децата…
Им благодарам за приемот. Им ветуваме дека ќе направиме напори со учениците да снимиме неколку песни и текстови и ќе ги донираме во нивната звучна библиотека и ќе ги посетуваме почесто.
Јулијана Талеска
наставничка по македонски јазик
Младински Совет одржа локална дискусија со средношколци
На 29 октомври 2015 година, во просториите на кариерниот центар во СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу се одржа локална дискусија со 25 ученици од сите средни општински училишта од Прилеп. Присутните ученици кои се активни во младинските организации во нивните училишта дискутураа и ги кажаа своите мислења за потребата и важноста за регулирање на правото на младинско учество во средното образование.
Локални дискусии со млади се одржуваат во 10 градови низ цела Македонија, со цел да се соберат препораки кои понатаму ќе се разгледуваат од повеќе институции како дополнение на законот за средно образование во делот на младиснко учество и организирање.
Овој настан е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ кој го спроведуваат Коалиција на младински организации СЕГА и Младински Совет Прилеп во соработка со Младински Образовен Форум и Детска амбасада Меѓаши со поддршка на Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност како и од Детската Фондација Песталоци.
Хуманитарен настан од Комфи Ангел
Компанијата Комфи Ангел денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ организираше хуманитарна акција. Преку продажба на асортиманот по симболична цена беа обезбедени средства кои хуманитарно беа донирани на здружението „Епилепсија Македонија“.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека овој настан е од исклучителна важност и треба да послужи како пример на сите општествени компании .
Земјотрес ја стресе Македонија
Земјотрес ги вознемири жителите на дебраскиот регион претпладнево во 10 часот и 20 минути. Потресот траеше 10-13 секунди.
Како што информираат алабанските медиуми, епицентарот бил 18 километри југоисточно од албанското рударско гратче Булќиза, кое е на петнаесеттина километри оддалечено од Дебар.
Земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтер, се почувствувал и во Тирана. Нема информации за поголема материјална штета или повредени.
Во септември 2009 година земјотрес со слична јачина го погоди истото подрачје при што беа оштетени голем број куќи, посебно во областа Голо Брдо.
Јогуртот помага при алергии од полен
Пробиотиците од јогуртот го намалува дејството на алергиите, посебно на полен, открија американските научници.
Биле тестирани 1900 луѓе со што се потврди теорија, дека пиењето на јогурт ги намалува симптомите од алергија на полен.
Јогуртот го зајакнува имунитетот, го подобрува метаболизмот и го намалува србежот и кивањето кај луѓето што се алергични на полен.
Секоја петта личност што страда од алергија на полен може да си помогне со јогурт
ВИДЕО: Фатил девојка и ги запоставил другарите – Тие го погребаа и тоа буквално
Кирен е момчето кое откако си нашло девојка, целосно ги запоставил другарите. Тие во знак да му се одмаздат решиле да се збогуваат со него на невообичаен начин. Откако поминале 18 месеци како Кирен се забавувал со неговата девојка Џеси Фергусон, по што следувал погребален збогум од страна на неговите другари.
НАЈНОВА ВЕСТ: Се урна руски авион со 224 патници!
Руски патнички авион, што утрово полета од летувалиштето Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, се урна во централниот дел на Синај, потврди Канцеларијата на египетскиот премиер.
Формиран е кризен одбор кој треба да ги утври причините за несреќата.
Шефот на Управата за воздухопловни несреќи во Египет, Ајман ал Мукадам претходно соопшти дека авионот исчезнал од радарите и оти нема контакт со контролата на летање.
– На руската авиокомпанија им кажавме дека изгубивме контакт со авионот, но тој сигурно контактирал со турската контрола на летот и оти сега поминува низ турскиот воздушен простор, истакна Мукадам.
Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патници и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор на Кипар.
Авион е Ербас А-321 на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“.






















































